ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ЗА УПИС НА НАТПРЕВАРОТ


Снимете мини-видео со вашиот мобилен телефон и бидете дел од Францускиот филмски фестивал!

Бидете креативни, изразете се слободно низ видео и освојте престој во Франција!

 

Втора година по ред, Францускиот институт во Скопје и НВО Метаморфозис го организираат натпреварот „слободата на изразување во мини-видео“.

Конкурсот е наменет за млади од 18 до 28 години. Секој учесник треба да сними видео, со мобилен телефон, на тема слобода на изразување согласно сопственото толкување на темата и со почит кон другиот. (прочитајте го Правилникот – на француски јазик).

Најдобрите видеа (од 30 сек. до 3 мин.) ќе бидат прикажани и наградени во рамките на Фестивалот на француски филм во Македонија, којшто ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016.

Првонаградениот на натпреварот ќе биде гостин на фестивалот Off-Courts во Трувил, во Нормандија. Тој ќе добие, исто така, иподготвителни часови по француски јазик пред неговото заминување во Франција.

Формуларот за учество на натпреварот , со видеото во AVI или MP4 формат, треба да ги испратите на следната адреса: culture@ifs.mk во периодот од 30 мај до 6 јуни 2016.

Филмовите ќе бидат прикажани пред публиката во присуство на жири во рамките на отворена проекција на сите видеа на 17 јуни 2016, во 11:00 ч. во Францускиот институт во Скопје.

Публиката ќе може да гласа во зависност од следните критериуми: оригиналност, квалитет и автентичноста на тематскиот пристап на авторот кон темата на натпреварот.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 17 јуни 2016 год., во 18:30 ч. во киното „Култура“ (ул. Луј Пастер, бб).

Изборот на најдобрите три видеа ќе биде направен од страна на независна жири-комисија.

* * *

Граѓански и тематски пристап
Слободата на изразување е апсолутен принцип во Франција и во Европа, содржан во неколку основни текстови.
„Слободното изразување на идеи и мислење е едно од основните права на човекот: секој граѓанин може да говори, пишува и печати слободно, освен злоупотреба на оваа слобода во случаите утврдени со закон” се вели во член 11 од Декларацијата за човекови права од 1789 година.
Сепак, слободата на изразување не е ниту тотална, ниту пак неограничена, и таа се регулира со закон.
Главните ограничувања на слободата на изразување во Франција спаѓаат во две категории: за клевета и навреда, од една страна, и за поттикнување омраза, кои се сметаат како злосторство против човештвото, анти-семитски, расистички или хомофобични други.

Токму отворањето на овој видео-натпревар на тема слобода на изразување е и гест на демократијата.
Оваа тема, пак, спаѓа во една од главните француски тематики и предизвици на францускиот јазик.

* * *

Сакате да знаете како се одвиваше првото издание на овој конкурс?
КЛИКНЕТЕ ТУКА!

Сподели: