На 30 септември, со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа работилница за човекови права на тема: Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера. Оваа работилница наменети за наставници од средните училишта од територијата на Град Скопје ја проследија 30 присутни.

20160930121231

Наставниците имаа можност да проследат воведна презентација на активностите во организација на Метаморфозис и Меѓународниот Институт за човекови права и мир од Каен, Франција, а потоа им беа презентирани искуства од училишната практика – дисеминации на училишно и општинско ниво и работилници со ученици.

20160930123931

Подоцна следеше презентација на педагошкиот прирачник „Слобода на изразување и приватност во дигитална ера“ и практична презентација на некои работилници од прирачникот за кои наставниците имаа можност преку вежби да опфатат некои од темите во прирачникот.

20160930125037

 

Во последната сесија, наставниците дискутираа за отворените образовни ресурси и можносите за законска регулација на истите со претставник од Метаморфозис, додека за крај им беше презентирана законската регулатива за заштита на личните податоци, од страна на Лилјана Пецова Илиеска од Дирекција за заштита на лични податоци.

20160930135909

20160930141939

Оваа работилница е во организација на Метаморфозис, во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци, како завршен настан на проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Нормандија.

Сподели: