Нарушување на безбедноста на податоци е секој инцидент што ги открива податоците во недозволено опкружување. Нарушувањето може да биде предизвикано од намерни или ненамерни дејствија.
Голем број на студии покажуваат дека во најголем број случаи нарушувањето на безбедноста на податоци е резултат на човечка грешка, а не толку на криминални напади.
Во последниве години се случија повеќе нарушувања на безбедноста на податоци во земјите во регионот и тоа најмногу во јавниот сектор, како и протекување на лични информации на граѓаните за време на пандемијата или за време на избори.
Македонска верзија
Албанска верзија
Српска верзија
Црногорска верзија
Ова видео е дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ ко-финансиран од Европската Унија. Видеото е произведено со финансиска поддршка на Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на ИЦЕДА партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија.
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократска промена Србија (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сподели: