Дигитализација – приоритет во националните акциски планови за Партнерство за отворена власт на земјите од Западен Балкан

Партнерство за отворена власт – Локални акции – Глобално влијание

Како глобална иницијатива, Партнерството за отворена власт (ПОВ) е широко партнерство составено од ентитети на национално и локално ниво кои работат заедно за да креираат акциски планови со конкретни чекори – заложби – за широк опсег на прашања. Од 2011 година, идејата на ПОВ е дека отворената влада е подостапна, поодговорна и поотчетна кон граѓаните, и дека подобрувањето на односите меѓу луѓето и нивната влада има долгорочни, експоненцијални придобивки за секого.

Работејќи во поширок контекст на демократско назадување, затворање на граѓанскиот простор и подемот на авторитарната и популистичка политика, ова зрело партнерство со 78 национални членови составени од сѐ поголем број локални власти и илјадници учесници од граѓанското општество, овозможи заедничко создавање на над 4.000 отворени владини реформи, од кои значителен дел покажаа големо влијание.

Извор: Веб-страница на ПОВ

 

Западен Балкан во Партнерството за отворена власт

Меѓу националните членки на оваа иницијатива се и владите на Западен Балкан, имено Албанија (2011), Босна и Херцеговина (2014), Црна Гора (2011), Северна Македонија (2011) и Србија (2012), а Косово е единствената земја која не е дел на овој процес и покрај нивните напори да се приклучат.

Собранието на Република Северна Македонија е единствената законодавна власт меѓу земјите од Западен Балкан што е дел од оваа глобална иницијатива, а за првпат и судството на Северна Македонија стана дел од најновиот Национален акциски план за ПОВ (НАП), со цел да се подобри нивната отвореност и транспарентност кон јавноста.

Оваа кратка анализа ќе се фокусира на напорите во рамките на иницијативата на целните земји од Западен Балкан кои се дел од регионалната мрежа ИЦЕДА, каде што Босна и Херцеговина не е вклучена.

 

Дигитализацијата како приоритет во националните акциски планови за Партнерство за отворена власт на Западен Балкан

Со помал или поголем фокус, особено за оние планови кои беа развиени за време на почетоците на пандемијата Ковид-19, владите на Западен Балкан ги подготвија своите НАП со дигитализација во различни сектори поставени како приоритет.

Една од главните компоненти во најновиот НАП 2020-2021 на Албанија е дигиталното владеење фокусирано на проширување на услугите на е-влада, проширување на порталот за отворени податоци и подобрување на испораката на јавни услуги во центрите за интегрирани услуги и шалтерите за услуги. Кога станува збор за првата точка, Албанија неодамна ги дигитализираше сите јавни услуги и на тој начин ја постигна заложбата, но се соочи со неколку пречки кога е во прашање практиката, најмногу поради тоа што нагло ги затворија шалтерите каде граѓаните можеа да побараат поддршка. Дигитализацијата на јавните услуги се претвори во пречка за маргинализираните групи со недостаток на вештини и дигитална инфраструктура како што забележаа одредени членови на ромската заедница. Понатаму, поради неодамнешните кибер-напади, Албанската Национална агенција за информатичко општество беше принудена да ги затвори онлајн јавните сервиси и владините веб-страници.

Меѓу другото, најновиот НАП за ПОВ 2021-2023 за Северна Македонија содржи заложби поврзани со транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност, спречување на корупцијата и промовирање на добро владеење, испорака на јавни услуги, пристап до правда и животна средина и климатски промени. Сите овие заложби вклучуваат компонента на дигитализација или дигитална трансформација најмногу фокусирана на дизајн на нови иновативни дигитални решенија и механизми, отворени податоци, обезбедување повеќе е-услуги итн.

Во рамките на истиот НАП, Собранието става голем акцент на подобрување на нивната ИКТ инфраструктура, со што се подобрува нивната пристапност до граѓаните. Меѓу некои од заложбите на Собранието во оваа насока се и развојот на повеќе дигитални платформи и решенија (нова веб-страница на Собранието, онлајн портал за отворени податоци, платформа за предлози и иницијативи од граѓаните до законодавната власт, софтверско решение за следење на законодавен процес од страна на јавноста, отворање на софтверот за е-архива за јавно пребарување), набавка на потребната дигитална опрема (камери со придружна опрема за интернет пренос на сесии, софтверско решение за овозможување превод од говор во текст) и обезбедување дигитална безбедност преку дигитални потписи за пратениците и собраниската служба.

Судството на Северна Македонија е исто така суштествен план на НАП, кој ги фокусира своите напори на подобрување на електронскиот судски портал, електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите, односите со јавноста на судовите и квалитетот и достапноста на податоците и информациите за функционирање на Судскиот совет.

Исто како и двете претходни земји, српскиот ПОВ НАП 2020-2022, исто така, ја споменува дигитализацијата како дел од иницијативата за технолошки иновации. Обврските во однос на технологијата и иновациите треба да ја подобрат отвореноста и одговорноста преку промоција на нови технологии кои нудат можности за споделување информации и учество на јавноста.

Во меѓувреме, новиот НАП за Црна Гора е предвидено да биде завршен до крајот на годината и се предвидува да им овозможи на граѓаните подобар пристап до јавните услуги, поголема вклученост во креирањето политики за јавно финансирање, како и вклучување на недоволно застапените групи во креирањето на политиките. Исто така, се предвидува НАП да вклучи активности во согласност со дигиталната трансформација во рамките на јавниот сектор и е-услугите. Кога станува збор за претходниот НАП 2018-2020 година, во една прилика, високиот службеник за истражување, Механизмот за независен извештај за ОВП, Андреас Павлу рече дека напорите преку овој план дојдоа со ограничени резултати во горенаведените области.

Извор: Иницијатива за Партнерство за отворена власт на Косово

Бидејќи Косово не е членка на оваа иницијатива, ситуацијата на нивна страна е малку поинаква кога се во прашање формалностите, но не изостануваат нивните напори за приближување на власта до народот. Косовската влада во 2013 година одлучи да ги покрене процедурите за нивно членство во оваа мултинационална иницијатива, но доби негативен одговор. Меѓутоа, со помош на Open Data Kosovo, Косово создаде своја информативна платформа која ги обезбедува сите важни документи и други релевантни информации во врска со нивниот втор обид да станат дел од иницијативата. Тие, исто така, работат на создавање на сопствен НАП 2022-2024 чии клучни столбови се антикорупцијата, дигиталното владеење, отвореноста на податоците и граѓанското учество во одлучувањето. Како што се развива НАП, Косово има за цел уште еднаш да аплицира за членство во ОВП во последните месеци од 2022 година.

 

Граѓанскиот сектор (не е) вклучен во ко-креирањето на НАП за ПОВ

Додека во некои земји граѓанскиот сектор е во голема мера и директно вклучен во составот и спроведувањето на НАП на нивните земји, во некои земји овој сектор не е вклучен. Граѓанските организации во Србија не се директно вклучени во активностите на НАП за ПОВ, туку ја следат работата на Владата и поднесуваат извештаи за нивните активности, додека во последниот процес на ко-креирање на НАП во Северна Македонија, 86% од учесниците во процесот беа ГО додека останатите 14% дојдоа од страната на институциите. Овој процес на заедничко креирање се состоеше од 3 онлајн информативно-едукативни состаноци, 12 онлајн состаноци за идентификување на потребите и прашањата, анализа, приоретизирање итн. и над 60 индивидуални состаноци. Фондацијата Метаморфозис и Рурална коалиција како дел од мрежата ИЦЕДА посветено учествуваа во овој процес и успеаја да интервенираат во неколку заложби обезбедувајќи фокус на отворени податоци, институционална отвореност и транспарентност и дигитализација на јавните услуги во различни области.

Северна Македонија е, исто така, единствената земја со специјално дизајнирана платформа за е-учество посветена на ПОВ која им овозможува на работните групи заеднички да го креираат НАП, да информираат и да се информираат за процесот и напредокот на секоја компонента од НАП. Оваа платформа има за цел на интерактивен и детален начин да го презентира процесот на реализација на заложбите и постигнувањата во рамките на сегашниот НАП, со цел да се овозможи непречено следење на неговата имплементација. Понатаму обезбедува визуелен приказ на НАП и опис на статусот на реализација врз основа на показателите за успех поставени за секое постигнување на конкретните обврски во одредена приоритетна област. Оваа платформа е креирана од Фондацијата Метаморфозис во рамките на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Извор: Иницијатива за Партнерство за отворена власт – Северна Македонија

 

Во Косово, Националниот координативен комитет за изготвување на НАП за ПОВ на Косово 2022-2024 се состои од претставници од владини институции, граѓански организации, медиуми и други релевантни институции. Отворени податоци Косово како ГО е член на овој комитет и придонесува за подготовката на НАП, каде што обезбедува информации за теми поврзани со Дигиталната агенда.

Една од забелешките на Андреас Павлу за црногорскиот НАП 2018-2021 беше дека Црна Гора ги исполни минималните стандарди во однос на соработката меѓу Владата и ГО. На ова, лицето за контакт за ПОВ во Црна Гора во Министерството за јавна администрација, Марија Јанковиќ, сподели дека има многу предизвици во спроведувањето на НАП за ПОВ, наведувајќи дека еден од предизвиците е оперативниот тим и динамиката на неговите состаноци, видливост и начинот на кој се вршеше мониторингот на претходниот НАП. Таа сподели дека мандатот на оперативниот тим од четири години завршува и дека Министерството започнало консултации за тоа како треба да изгледа новиот оперативен тим, неговата структура, задачите и како да се има ефикасна средина за планирање на НАП, спроведување, следење и евалуација на ефектите. Јанковиќ исто така сподели дека Министерството за јавна администрација организира серија консултативни состаноци со заинтересираните страни за да се дефинираат обврските за следниот циклус на спроведување на ПОВ во Црна Гора и креирање на нов НАП.

 

Влијанието на Партнерството за отворена власт во регионот

Членството во оваа иницијатива и имплементацијата на НАП за ПОВ не треба да значи едноставно „чкртнување“ од списокот на активности, туку треба да се изгради на заедничка посветена работа од повеќе засегнати страни со цел напорите да донесат опипливи резултати што ќе ги подобрат животот на граѓаните и да се премости јазот меѓу нив и институциите.

Србија забележува 2 позитивни резултати од финализираните НАП за ПОВ во областа на дигитализацијата. Во текот на 2021 година е завршен техничкиот развој на порталот за е-консултации и порталот сега е активен. Сите граѓани можат да го следат и да учествуваат во јавниот процес на одлучување. Друг позитивен случај беше „Те заштитувам“ кој е систем за електронско пријавување, одговор и следење на насилството во кое се вклучени деца, како и поддршка на жртвите, кој е воспоставен и почна да се развива.

Во 2021 година, во конкуренција на над 100 апликации за иновативни алатки, заложбата за потранспарентни општини во Северна Македонија ја освои третата награда на европско ниво за влијание во подобрувањето на животот на луѓето и квалитетот на демократијата. Доделената заложба е група алатки кои беа креирани и ставени во функција во претходните три години, кои придонесоа за подобрување на фискалната транспарентност на локално ниво, овозможија следење во живо на седниците на 18 општини, како и директно вклучување на граѓаните во процесот на одлучување во 24 општини. Активностите се реализираа во рамките на заложбата „Воспоставување на нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа“, чиј носител е Министерството за локална самоуправа. Во оваа прилика, тогашниот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, јавно изјави дека признавањето на овие резултати прикажани преку оваа награда на Глобалниот самит е „вистинско и искрено признание за заедничкиот напор и партнерство меѓу владата, граѓанскиот сектор и донаторска заедница која обезбедува ефективни и долгорочни решенија за предизвиците со кои се соочува општеството“.

Освен Северна Македонија, со оваа чест беа наградени и други земји од Западен Балкан. Во истата категорија, Србија го доби второто место во под-категоријата Европа за јавни услуги на ePAPER, додека Албанија го доби второто место во категоријата Награди за локални ПОВ иновации, под-категорија: Европа, за нивниот WhatsApp Counselor.

Извештајот за преодните резултати на Црна Гора 2018-2021 година, исто така, нотира неколку успеси во спроведувањето на НАП за ПОВ, како што се проширување на алатките за онлајн учество на јавноста, подобрување на пристапот до владини информации и отворени податоци, подобрување на буџетската транспарентност и спроведување на студија за заштита на свиркачите. Други активности вклучуваат воведување онлајн документ за идентификација, наплата на такси преку Интернет и пријавување данок преку Интернет, меѓутоа, поради политичката нестабилност имплементацијата се забави, а извештајот нагласува дека „Иако акцискиот план вклучуваше потенцијално влијателни активности околу онлајн учество на јавноста (Заложба 2), пристап до информации (Заложба 3) и буџетска транспарентност (Заложба 6), нивното ограничено завршување ги спречи да постигнат забележителни резултати или промени во практиката на отворена влада“.

За конкретни информации во врска со најновиот НАП за ПОВ за секоја од земјите-членки, погледнете ги линковите подолу:

 

————————————————————————————————————————————

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондацијата Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ОДК), Академијата за е-Владеење (еГА), Партнери за демократски промени Србија, Левизија МЈАФТ, и ГО 35 ММ.

Сподели:

29349
meta tim sliki-02.jpg

ICEDA

Останати блог текстови

„ЗОШТО Е ВАЖНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВО РСМ? ДАНИЛОВСКА: ПРИДОБИВКИТЕ СЕ ОГРОМНИ...“ - KDPolitik.com

22.11.2022

“Придобивките за граѓаните од користењето на електронски услуги, наместо да ги чекаат на шалтер, се бројни…” истакнува Јосифовска Даниловска. Shkruan: Enis Shaqiri Пишува: Енис Шаќири Дигитализацијата и дигиталната трансформација во последните години се меѓу главните приоритети за Владата на Република Северна Македонија и единиците на локалната самоуправа. Според анализата на Фондацијата „Фридрих Нojmан“ и „Метаморфозис“ […]

Со отворање на изложба, започна иницијативата „Проѕирниот човек“ на Гете-институтот и Фондацијата „Метаморфозис“

25.10.2022

Фото: Meta.mk. Со отворање на интерактивната изложба „What the future wants“ во Јавна соба во Скопје денеска беше означен почетокот на иницијативата „Проѕирниот човек“ која ја спроведува Гете-институтот Скопје во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, со цел промовирање на медиумските и информативните вештини на помладата генерација и нивната околина – родители, наставниците и сите други заинтересирани […]

Петровска од УВМК: Дигитализацијата на матичните книги се очекува да биде целосно завршена до крајот на 2023 година

03.10.2022

Кристина Петровска фото: Порталб.мк Кристина Петровска од Управата за водење на матичните книги во интервју за Порталб.мк зборува за дигитализацијата на матичните книги, сертификатите со неточни податоци, како и за електронските услуги на оваа институција. Таа вели дека до крајот на 2023 година се очекува да заврши дигитализацијата на сите матични книги. Колкав е процентот […]

Меркочи од „Доста е“: Дигитализацијата на јавните услуги во Албанија го зголеми нивниот квалитет

28.09.2022

Алдо Меркочи, фото: Фисник Џелили/Порталб.мк Современиот предизвик со кој се соочуваат земјите на Западен Балкан е дигитализацијата на јавните услуги. Албанија во споредба со другите земји од регионот води во овој процес. Дигиталната револуција на Албанија што започна во 2013 година, тогаш вклучуваше само 14 електронски услуги, додека денес опфаќа 1.225. Преведено во проценти, ова […]

Алити: Процесот на реорганизација на државната администрација се очекува да заврши во 2024 година

28.09.2022

Во интервју за Порталб.мк, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, зборува за процесот на реорганизација на јавната администрација во Северна Македонија, за неодамнешните сајбер напади на веб-страниците на министерствата, дигиталната агенција и дигиталниот идентитет. Според него, процесот на реорганизација на администрацијата се очекува да заврши во 2024 година. Алити вели дека работат на […]

Канцелариите на пратениците за комуникација со граѓаните затворени кога треба да работат

24.09.2022

Фото: Порталб Граѓаните треба да ги бараат насекаде вработените во Канцелариите за контакт со граѓаните, кои се ангажирани на одредено работно време, за да обезбедат комуникација меѓу пратениците и граѓаните. Порталб.мк посети 4 канцеларии на различни локации, и тоа во Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да се види одблиску како функционираат. Според она […]