Дигитална трансформација: учење да се живее со промената
Слика од Герд Алтман од Pixabay
Тековната Ковид-19 криза имаше огромно влијание во принудувањето на владите и бизнисите ширум светот да побрзаат со спроведувањето на разни дигитални решенија. Според Мекинзи глобалното истражување на носителите на одлуки објавено во октомври 2020 година, пандемијата го забрза усвојувањето на нови технологии за три до четири години. Терминот дигитална трансформација стана најкористен збор, бидејќи дигиталните технологии постојано поставуваат нови барања и предизвици за општествата.
Бројни експерти го потенцираат прашањето за недоразбирање на концептот одностно дека наместо во технологијата, коренот на дигиталната трансформација е во начинот на размислување и промените во однесувањето на луѓето. Пошироката јавност без сомнение ќе мора да ја прифати културата изградена околу податоците и користењето нови алатки и решенија обезбедени со технолошкиот напредок. Потребна е промена на начинот на размислување, работа и искористување на податоците. Спротивно на тоа, дигиталната трансформација обезбедува многу придобивки, како што се трошење помалку време, пари и други ресурси. Ова се само некои од аргументите за забрзаниот дигитален напредок што повеќе не може да се избегне.
Кога станува збор за земјите од Западен Балкан, дигиталната трансформација сè уште заостанува во многу аспекти. Според Истражувањето за основната состојба за развој на е-влада и дигиталната писменост во целните земји од Западен Балкан 2020 година, земјите доцнат со усогласување на правните акти, но уште повеќе заостануваат со спроведувањето на иновациите. Спротивно на тоа, подобрувањето на условите за спроведување на Дигиталната агенда (иницијатива започната од Европската унија во 2018 година) е шанса за земјите од регионот да се справат со различните структурни предизвици, истовремено зголемувајќи ја транспарентноста, отвореноста и меѓурегионалната соработка.
Едно од прашањата што произлегува од заблудата дека само воведувањето на најновите трендови во технологијата носи дигитална трансформација е јазот помеѓу подготвеноста и вештините за вклучување на тие технологии и во јавниот и во деловниот сектор. Покрај тоа, робусните системи како што е образованието недостасуваат во пополнувањето на овие празнини. Обезбедувањето знаење за користење на технологијата и можности за создавање паметни и иновативни решенија е начин за вклучување на заедниците за создавање дигитално трансформирани средини.
Успешно управување со промени
Трансформацијата е клучен збор на процесот поврзан со понатамошниот дигитален напредок. Затоа, важно е да се напомене дека предуслов за секоја трансформација е целта да биде разбрана од сите засегнати страни.
Учењето како да управувате со очигледните промени за време на процесите на трансформација е една од клучните вештини што треба да се земат предвид. Глобалната извршна студија за дигитален бизнис исто така ја нагласува важноста на стратегијата. Според ова истражување, релевантна стратегија е она што води кон успешна дигитална трансформација.
Првиот чекор е да се има јасна комуникација за намената, целите и чекорите неопходни за постигнување на тие цели. За да може да се управува со промената потребно е да се даде пример и да се воспостават очекувања. Улогата на лидерот е од суштинско значење во овие случаи. Од една страна, постојат технологии и иновации кои се подобруваат од ден на ден. Од друга страна, постои трансформација на начинот на размислувањето кај луѓето, што е многу подолг процес и потешко е да се постигне на краток рок.
Улогата на лидерот е да покаже дека културата на живеење се менува и технологијата е дел од неа. Често се занемарува фактот дека промената треба да се води од повисоките нивоа на власт и дека прво и основно, носителите на одлуки треба да имаат јасно разбирање за ова. На тој начин се овозможуваат побрзи и пофлексибилни можности. Паралелно, граѓаните треба да бидат помогнати со поддршка и со барем основни дигитални вештини за да можат да разберат како мудро да ја користат технологијата и да избегнат потенцијални ризици. Кога станува збор за јавната администрација, Истражувањето за основната состојба во целните земји од Западен Балкан наведува дека отпорот кон дигитализација во еден дел доаѓа од ставот на јавните службеници. Реформата подразбира промена на нивната долгорочна рутина, доусовршување, промена на процедурите и прилагодување на новите технологии. Понатаму, во моментов, јавните администрации во регионот не само што немаат законски, туку немаат ни технички капацитети. Ова стана уште поочигледно за време на пандемијата, каде што јавната администрација исто така беше принудена да работи во домашни услови.
Факт е дека луѓето не сакаат да се менуваат, а оние што работат во јавната администрација не се исклучок. Идејата да имате нови рутини и постојано да учите нови работи не е привлечна за секого, без разлика дали се граѓани или јавна администрација. И на двете категории често им недостасуваат вештини или волја за учење, особено во ера во која доживотното учење станува сѐ поактуелно. Да се предвидат причините за отпорот и стравовите и да се најдат начини да се спротивстават на тоа често е предмет на превид.
За спроведувањето на Дигиталната агенда не се потребни експерти за технологија, туку таленти кои можат да ја артикулираат важноста и влијанието на технологијата врз животот на луѓето и бизнисите. Акцентот е на прикажување зошто е потребна дигитална трансформација и создавање средина каде што е можно да се живее и работи соодветно.
Слика од Герд Алтман од Pixabay
Влада, владеење и дигитална трансформација
” Единствената вистинска дигитална трансформација во општеството се случува кога владата ги дигитализира своите услуги, го создава потребниот правен простор и потребната инфраструктура за дигитална идентификација. Во спротивно, можеби да го имате најдобриот дигитализиран јавен сервис, како и многу други развиени нации, но ако владата не преземе водство во тоа што на сите граѓани им нуди пристап до своите услуги – тоа не ги трансформира општествата.”
Г-ѓа. Керсти Калјулаид, претседателка на Естонија
Огромниот напредок на дигиталниот пејзаж влијае врз многу земји кои се стремат да се приклучат кон Европската унија. Владите се борат да обезбедат еднаква достапност на квалитетни онлајн услуги за граѓаните. Следствено, постои страв дека дигиталната промена ќе остави многумина зад себе. Но, паралелно, постои сосема нов терен за иновации и подобрувања.
Сепак, само граѓаните кои се свесни за придобивките од таквите услуги и се опремени со знаење да ги користат, можат да бидат активни учесници. Тие можат да ги поттикнат институциите да бидат проактивни и да обезбедат транспарентност, што сѐ уште е едно од прашањата во многу земји од Западен Балкан. Пандемијата донесе на површина многу од веќе постоечките проблеми во регионот. Тоа ги принуди институциите да излезат од „рутината“ и нѐ натера да сфатиме дека човечкиот фактор влијае многу повеќе од дигиталниот напредок отколку технологијата. Сепак, земјите од Западен Балкан започнаа да ставаат приоритет на овозможување на потребната инфраструктура и услуги, како и создавање правна, иновативна и образовна рамка за целокупното подобрување на е-владата како еден од главните чекори кон дигиталната трансформација.
На пример, Владата на Северна Македонија во моментов работи на новата Национална ИКТ стратегија која меѓу другото се фокусира и на дигитални вештини. Тие во моментов исто така ја развиваат својата прва Стратегија за вештачка интелигенција (ВИ). Србија веќе ја усвои својата национална Стратегија за вештачка интелигенција за периодот помеѓу 2020 и 2025 година. Стратегијата за развој на вештачка интелигенција во Република Србија за периодот 2020-2025 година е првиот владин стратешки документ поврзан со ВИ на Западен Балкан. Албанија, од друга страна, веќе имаше стратегија Дигитална агенда на Албанија, како и Косово што создаде Дигитална агенда за Косово, додека пак Црна Гора во моментов развива Стратегија за дигитална трансформација, Стратегија за сајбер безбедност и Стратегија за дигитализација на образовниот систем.
Дигиталната трансформација е често користен термин кога се опишуваат процесите поврзани со напредокот во Поглавје 10 од Европската унија и европскиот дигиталниот компас со целите што треба да се постигнат до 2030 година.
Е-управувањето не се однесува само на тоа државата да обезбедува јавни онлајн услуги. Тоа исто така се однесува и на обезбедување интерактивен простор за комуникација со повеќе засегнати страни, истовремено истакнувајќи го пристапот насочен кон граѓаните.
Заклучок
Технологијата се менува побрзо отколку луѓето. Затоа овие промени често се попречуваат на повеќе нивоа. Отпорот може да дојде од носителите на одлуки кои не се заинтересирани или не разбираат зошто е потребна оваа промена. Или едноставно од граѓаните кои не сакаат да научат како да користат нови алатки, бидејќи ”начинот на кој тие секогаш го правеле тоа” им одговара.
Да се трансформира културата на живеење и да се зајакнат граѓаните да се справат со промените останува една од најголемите задачи пред земјите, не само на Западен Балкан, туку и во целиот свет. И како што изјави Дејвид Маунтс за Форбс: можеме да инвестираме милиони долари во милиони алатки, но ако вистинските луѓе со вистинска експертиза не се на располагање да ги користат алатките, да ги постават вистинските прашања и да ги направат вистинските врски, технологијата во најдобар случај, не е многу корисна и, во најлош случај, станува опасна и може да нѐ одведе во погрешна насока.
_____________
Оваа статија е изработена со финансиска поддршка на Европската унија. Неговата содржина е единствена одговорност на партнерите на ИЦЕДА и не ги одразува ставовите на Европската унија.
Сподели:
Останати блог текстови
Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите
23.04.2025
Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]
Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно
16.04.2025
Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]
Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат
29.01.2025
Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]
Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените
30.12.2024
Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]
Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано
03.12.2024
Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]
Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа
07.11.2024
Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]