Грижи во поглед на приватноста во ек на дигитализацијата на Западен Балкан
Дигитализацијата на јавните услуги е еден од приоритетите на земјите од Западен Балкан. Во периодот по КОВИД-19, станува уште поочигледно дека граѓаните, бизнисите и општеството треба да се дигитализираат за во целост да станат поотпорни и способни за справување со надворешни шокови и промени. Aлбанија е водечка земја во регионот кога станува збор за дигитализацијата на јавните услуги. Во моментов има 1.225 е-услуги што се нудат на националната платформа е-Албанија, а ги обезбедуваат 200 институции од јавната администрација. Во јули 2022 година имаше 2.679.806 регистрирани корисници, што е повеќе од 90% од вкупното население во Албанија. Другите земји во регионот треба допрва да работат за да ги стигнат овие бројки.
Еден од предизвиците поврзани со изработката и со употребата на е-услуги е приватноста и безбедноста на податоците. Во изминатава година, регионот се соочи со закани на приватноста на личните податоци на граѓаните од страна на разни хакерски напади. Во август 2022, хакери ја нападнаа информациската инфраструктура на црногорската влада. Нападите во земјата почнаа на 22 август, кога беше оневозможен пристап до владините веб-страници и е-пошти, а и други институции какви што се обвинителството, судовите, катастарот, царинската администрација и е-порталите за граѓаните. Исто така, и претходното лето имаше низа сајбернапади врз албанските институции. Владиниот сервер ,,Администрата“ беше мета на првиот напад, кој се случи во мај. Владиниот портал е-Албанија беше мета на вториот напад, спомнат погоре, каде што граѓаните можат да се најават со број на лична карта или со пасош и да аплицираат за службени документи, да закажат термин и сл. Последно, државните институции на Србија беа мета на хакерски напади на 4 јануари 2023 година.
Истовремено со овие надворешни закани, во изминатите години регионот се соочи со протекување податоци од институциите поради несоодветни мерки за заштита на лични податоци во процесот на дигитализација на услугите. На пример, корисничкото име и лозинката за пристап до информацискиот систем на КОВИД-19 во Србија осум дена беа јавно достапни на веб-страницата на една здравствена институција и на тој начин беше лесно да се пристапи до личните податоци на граѓаните на Србија и да се преземат.
Фотографијата е од vishnu vijayan од Pixabay
Земјите во нашиот регион главно ја донесоа правната рамка за заштита на приватноста на личните податоци, но спроведувањето на законите сè уште е незадоволително. Исто така, се јавуваат проблеми со другите закони и подзаконски акти што не се усогласени со законите за заштита на приватноста на личните податоци. Воедно, примерите за повреда на личните податоци укажуваат дека јавните институции не ги следат процедурите за спроведување на стандардите за заштита на приватноста при правење нови дигитални услуги за граѓаните. Исто така, се јавува голема загриженост поради несоодветна заштита на сајбербезбедноста.
Добар пример за напредок со спроведувањето на стандардите за приватност е случајот со Агенцијата за заштита на лични податоци на Северна Македонија (АЗЛП) која ја донесе Методологијата за хармонизација на секторската легислатива со Законот за заштита на личните податоци. Овој документ содржи насоки што го регулираат постапувањето на министерствата во процесите за хармонизација на секторската легислатива, при што е опфатен процесот за проверка на постојните закони, како и процесот на спроведување на процената на влијанието на законите од аспект на заштитата на лични податоци. Методологијата е изготвена во согласност со добрите практики и легислативата на Европската Унија и нејзините земји членки и исто така содржи информации за процесите на претходна консултација со АЗЛП за време на изработката на предлог-закони или соодветни подзаконски акти што се однесуваат на обработката на личните податоци.
Овој документ исто така можат да го користат институции во регионот што се задолжени за заштита на лични податоци за да изработат слична методологија како водич за јавните институции во процесите на хармонизација на закони и изготвување нови закони. Во отсуството на насоки на ова поле од српската институција за заштита на лични податоци, Партнери Србија претходната година изработија сличен документ што исто така може да биде од помош – Водич за изработка и измена на секторските прописи кои ги уредуваат обработката и заштитата на личните податоци.
Добар пример за начинот на кој може да обезбедиме подобра заштита на лични податоци во е-услугите е една многу корисна алатка за процена на стандардите за приватност на е-услугите, која ја изработи Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис од Северна Македонија. Имено, Метаморфозис изработи Методологија за процена на усогласеноста на постојните јавни е-услуги и услугите што се дигитализираат со Законот за заштита на личните податоци. Со цел да се следи напредокот на тоа поле, Метаморфозис ја процени усогласеноста на 51 е-услуга што ја обезбедуваат централните владини институции двапати во 2022 година. Првата процена беше направена во март 2022 година, а втората во август 2022 година. Втората процена покажа дека институциите постигнале ограничен напредок во процесот на усогласување со Законот за заштита на лични податоци при обезбедување е-услуги. Имајќи предвид дека примената на методологијата започна неодамна, напредокот на усогласеноста на обезбедувањето јавни е-услуги не треба да ги обесхрабри другите земји во регионот да започнат слични активности.
Заложбите на земјите во регионот да се дигитализираат услугите и да се направат попристапни за граѓаните се добредојдени, но овие активности не треба да ги загрозуваат човековите права. Бараме нашите влади да ги направат безбедни и сигурни е-владините услуги и приватноста на е-граѓанинот да биде позаштитена.
Повеќе за начинот на кој дигитализацијата влијае врз приватноста на податоците и што може да се научи од земјите во регионот, ќе има на меѓународната конференција ,,Недела на приватноста“ од страна на властите за заштита на податоци и претставниците на граѓанскиот сектор од регионот. На следнава ВРСКА има детална агенда и образец за регистрација.
———————————————————————————————————————
Овој текст е изготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на овој текст е единствена одговорност на авторите и на никој начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.
Проектот ,,Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA“ го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-владеење (Естонија), Levizja Mjaft!(Албанија), Партнери за демократска промена (Србија), НВО 35 мм (Црна Гора) и ОДК – Отворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сподели:
Останати блог текстови
"Дојавите ги направија анксиозни средношколците и им создадоа „дупки“ во знаењата" - Новинска агенција Мета.мк
29.03.2023
Фото: Архива на Мета.мк Послаби постигања и недостаток на знаења, пад во концентрацијата, анксиозност и стрес и кај учениците и кај наставниците. Ова се последиците врз учениците до кои доведоа лажните дојави за бомби, кои со месеци речиси секојдневно го прекинуваа образовниот процес. Изминативе неколку недели дојави нема, откако училишните раководства почнаа да го применуваат […]
"Шемата на лажните дојави за бомби: 905 закани, oсум градови, 76 електронски адреси [инфографик]" - Новинска агенција Мета.мк
28.03.2023
Фото: Мета.мк Пишуваат: Мери Јордановска и Антонија Поповска Осум градови, вкупно 905 лажни дојави за бомби, од кои 876 биле во основни и во средни училишта. Речиси третина од дојавите се случиле во среда, а најретко дојави имало во понеделник. Февруари бил месец на најмногу дојави – само пет дена во текот на училишната […]
"Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]" - Новинска агенција Мета.мк
27.03.2023
Електронски извод од матична книга на родените, фотографија од Pixabay, обработена од Portalb.mk Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично, односно со физичко присуство. Од друга страна, има нагорен тренд кај бројот на […]
Неодамнешно гледиште во поглед на сајбербезбедноста во Западен Балкан: Како можеме да го подобриме нивото на сајбербезбедност во регионот?
24.02.2023
Дигитализацијата и сајбербезбедноста се некои од поактуелните теми во Западен Балкан (ЗБ). Целиот регион официјално ја покажа својата посветеност кон дигитализацијата како процес во 2018 година со преземање на Дигиталната агенда за Западен Балкан, директно поддржана од Европската комисија. Еден од четирите столба на Дигиталната агенда за Западен Балкан е зголемување на сајбербезбедноста, довербата и […]
Што е дигитален идентитет и зошто ни е потребен?
14.02.2023
Забрзаниот напредок на технологијата го истакна нејзиното огромно влијание врз нашиот секојдневен живот во смисла на обезбедување брзи решенија што се лесни за употреба во поглед на нашите потреби. Тој влијаеше и врз начинот на кој го гледаме светот и се развиваме како општество, но и како и поединци. Владите ги прифатија процесите на дигитализација […]
„Иднината на масовниот надзор во Србија? – Global Voices
09.02.2023
Од 2019 година, српските организации за дигитални права предупредуваат против системот за надзор. Фотографија на м-р Ана Тоскиќ-Цветиновиќ, обезбедена од авторот и одобрена за употреба. Оваа статија е напишана од Ана Тоскиќ–Цветиновиќ, извршен директор на граѓанската организација Партнери за демократски промени на Србија, член на мрежата за зголемување на граѓанскиот ангажман во дигиталната агенда (ICEDA). […]