06.12.2016
Оглас за работа: Хонорарен ИТ консултант
Ист Вест Менаџмент Институтот во Скопје има потреба од хонорарен ИТ менаџер за да намести и одржува мала канцелариска компјутерска мрежа.
01.12.2016
Барање за апликации – Грантови за граѓански организации
ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа објавува: Барање за апликации Грантови за граѓански организации ACTION SEE го објавува ова барање за апликации за да обезбеди поддршка за граѓански организации и да ги промовира доброто владеење и владеење на правото преку грантова шема која ќе додели околу 25-30 мали […]
30.11.2016
Осуда за нападот врз канцеларијата на здружението на граѓани „Гласно“ во Штип од 74 граѓански организации
Реакција на 74 граѓански организации од Македонија на нападот врз канцеларијата на здружението ГЛАСНО и К.У.Ц. ТЕКСТИЛ во Штип на 26.11.2016
24.11.2016
Говор на омраза на Музејот на албанската азбука во Битола!
На Денот на албанската азбука, 22-ри ноември, во доцните вечерни часови непознати сторители го вандализирале Музејот на албанската азбука во Битола, притоа испишувајќи текст кој содржи говор на омраза врз етничка припадност односно упатува навредливи и понижувачки пораки кон албанската етничка заедница.
18.11.2016
УСАИД започнува проект за јакнење на граѓанското општество и зголемување на вклученоста на младите во Македонија
Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации (ГОи)и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните на Македонија; ќе им помогне на ГОи да го промовираат дијалогот; ќе организира едногодишна LEAD (Водство, Учество, Акција, Развој) програма која ќе им овозможи на мотивираните млади луѓе, вештини за да работат во рамките на нивните заедници.
18.11.2016
Проект на УСАИД за граѓанско учество: Барање за апликации
Проектот за граѓанско учество е петгодишна програма финансирана од УСАИД, која придонесува во постигнувањето на две цели: (1) засилено влијание на граѓанските организации врз политиките и програмите поврзани со приоритетни прашања за граѓаните; и (2) зголеменo и одржливо учество на младите во јавниот живот во Македонија.
16.11.2016
Резултати од конкурсот за поддршка на акциите на граѓанското општество
На конкурсот за поддршка на акциите на граѓанското општество во рамките на проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“ спроведуван со финансиска помош од Британската амбасада, објавен на 04.10.2016, беа поднесени 76 предлог проекти. Избрани се 9 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени мали грантови во вкупен износ од 47.425 евра. Подолу е објавена листата […]
02.11.2016
„Не за неказнивоста!“ – ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања
Потребна ни е Вашата помош да ја прошириме пораката дека злосторствата против слободното изразување мора да имаат последици, и дека државите мора да се повикаат на одговорност кога вакви злосторства се вршат во рамки на нивните граници. Да работиме заеднички кон свет без неказнивост
14.10.2016
Герила-акција против масовното прислушување како дел од движењето Слобода наместо страв
Како дел од акцијата, комби со голема сателитска антена, кое ги симболизираше т.н. „странски служби“ и на кое пишуваше „Слобода наместо страв“, ги посети Специјалното јавно обвинителство, Македонската радио-телевизија, СДСМ и зградата во која се сместени ДИК и неколку министерства
04.10.2016
Барање за апликации за поддршка на акциите на граѓанското општество
Фондацијата „Метаморфозис“ објавува: Барање за апликации За поддршка на акциите на граѓанското општество во рамките на проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“ спроведуван со финансиска помош од Британската амбасада Проектот ќе овозможи поддршка за граѓанските организации за борба против проблемите поврзани со отчетноста, транспарентноста и социјалната кохезија, и ќе го промовира доброто владеење со тоа што […]
22.07.2016
Пријавете се на Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации 2016
Метаморфозис ги повикува заинтересираните кандидати од Македонија да пријавуваат свои апликации за мобилни телефони, кои може да бидат номинирани за учество на Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации. Моментално, во тек се националните селекции за Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации кој ги избира и промовира светски најдобрите мобилни содржини и иновативни апликации. […]
21.07.2016
ПОВИК ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Во 2009 година Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) – Македонија започна програма за поддршка на законодавни иницијативи од граѓански организации во Република Македонија. По повеќегодишно успешно спроведување, Институтот со средства од УСАИД сака да ја прошири програмата со вклучување на нова генерација граѓански организации. Охрабруваме апликации од сите области, но приоритет при селекцијата […]