18.01.2021
ИЦЕДА Обука за медиуми, медиумски работници и независни новинари (фриленсери) за запознавање со теми поврзани со Дигиталната агенда за Западен Балкан
На 18.01.2021 (понеделник), Фондација за интернет и општество Метаморфозис организираше еднодневна обука (вебинар) за медиуми, медиумски работници и независни новинари (фриленсери) за запознавање со теми поврзани со Дигиталната агенда за Западен Балкан. Дигиталната агенда е иницијатива развиена од Европската Унија, која исто така е проширена и усвоена за 6 држави од Западен Балкан. Таа има […]
30.11.2020
Отворени образовни ресурси – анализа на можностите и препораки за вклучување на ООР во образовниот процес
Во рамки на проектот Отворени образовни ресурси се изготви анализа за можностите за вклучување на отворените образовни ресурси во образовниот процес.
15.09.2020
Состојбите и предизвиците за спроведување онлајн настава во основните училишта – извештај од истражување
Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси, поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), спроведе истражување за состојбата со онлајн наставата, фокусирано на основните училишта во нашата земја. Целта на ова истражување беше да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во РСМ
29.01.2020
Објавена е Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2019-2021)
По низа консултативни средби на работната група за креирање на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, на 19.11.2019, на 166-та седница на Владата е усвоена Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2019-2021 година. Исто така, усвоен е и Акциски план со цел унапредување на амбиентот за транспарентност […]
22.10.2019
„Метаморфозис“ и „ЕВРОТИНК“ издадоа практичен прирачник за медиумска писменост и критичко мислење
Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „ЕВРОТИНК“ – Центар за европски стратегии го објавија прирачникот за неформално образование со наслов „Со критичко мислење до разобличување на дезинформации“. Тој претставува алатка за неформално образование во областите на медиумската писменост и критичкото мислење и се појавува во период кога е крајно неопходен за да послужи како […]
16.09.2019
Речиси една четвртина од насловите во медиумите биле негативни за Договорот од Преспа
Медиумите во Северна Македонија што објавуваат на македонски и на албански јазик, за време на потпишувањето и имплементацијата на Договорот од Преспа меѓу Скопје и Атина, не отстапувале во значителна мерка од професионално известување за деталите од процесот. Овој заклучок може да се извлече од анализата на 1760 наслови на македонски и 673 наслови албански […]
08.05.2019
Истражување: Мерит – системот и дигитализација на услугите – формула за оптимална и квалитетна администрација
Еден од најголемите предизвици за секое современо демократско општество, а кај нас и еден од условите за евроинтеграциските процеси – квалитетна и оптимална по број јавна администрација, ориентирана кон граѓаните – се решава на различни начини во различни средини. Сепак, веќе постојат утврдени меѓународни стандарди и патеки по кои треба да се движат владите што […]
28.03.2019
Истражување: Медиуми – реформи никогаш доста
Главната препорака, по опсежната анализа на состојбите базирани врз строги методолошки правила и по разговорите со експертите, е дека е потребна политичка волја државата да не става капа врз медиумите и да ги злоупотреби за свои пропагандни цели
14.02.2019
Антикорупцијата и компромисите – невозможна мисија
Изградба на целосен систем за интегритет на централно и локално ниво; заострување на прекршочната политика во основниот антикорупциски закон и дополнување на постојниот закон за заштита на укажувачите се само дел од препораките кои произлегоа како заклучоци во истражувањето што го спроведе Фондацијата Метаморфозис на тема Антикорупција и борба со организиран криминал. Оваа област […]
14.01.2019
Истражување: Реформата на правосудството е невозможна без политичка волја
Политичка волја за реформи во правосудството и цврсто опстојување на имплементацијата на законските реформи, со што ќе се демонстрира дека политичката елита цврсто стои зад принципот на поделба на власта во земјата.
04.01.2018
Објавен e Регионалниот План за добро владеење за земјите од Западен Балкан
Во периодот меѓу јули- декември 2016 година, конзорциумот, составен од 6 држави во регионот и Вестминстер Фондацијата за демократија, развија Регионален индекс на отвореност кој служеше како индикатор за мерење на процентот на транспарентност на владите и министерствата во државите од Западен Балкан и достапноста на информациите до граѓанинот. Врз основа на тие мерења, водени […]
11.08.2017
Изработен „Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија“
„Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија“ е најновото издание изработено врз основа на истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество […]