03.03.2014
Трибина: Млади и медиуми – како до заеднички интереси?
Фондација Метаморфозис и Младински образовен форум (МОФ) ве канат на презентација и дискусија на резултати од истражување, во форма на трибина, во рамки на регионалната иницијатива „Млади и медиуми во Југоисточна Европа“. Трибината ќе се одржи на 5ти март (среда), 12:00 часот, во Клуб на новинари во Скопје. Презентација на резултатите од истражувањето ќе обезбедат […]
24.02.2014
Се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“
На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. На настанот во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, а поддржан од Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, присуствуваа […]
12.02.2014
Предавање „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“
На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, ќе се одржи предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. Овој настан ќе се одржи во просториите на City Hall. Предавањето го […]
10.02.2014
Се одржа деветтата меѓународна конференција е-Општество: Млади и медиуми
На 7 и 8 февруари 2014 година, во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје, се одржа деветтата меѓународна конференција „е-Општество“ на тема „Млади и медиуми“. Дводневната конференција во организација на фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум (МОФ) опфати мноштво теми, а над 40 говорници на конференцијата ги предизвикаа традиционалните гледишта за медиумите, споделија искуства […]
23.01.2014
Деветта меѓународна конференција е-Општество: Mлади и медиуми
Деветтата меѓународна конференција „е-Општество“ на тема „Млади и медиуми“ ќе се одржи на7 и 8 февруари 2014 година, во Младинскиот културен центар во Скопје, Македонија. е-Општество: Млади и медиуми е дводневна конференција во организација на фондацијатаМетаморфозис и Младинскиот образовен форум (МОФ) која ги истражува медиумите од младинска перспектива, медиумите под водство на млади, медиумската писменост, […]
20.12.2013
Одржана тркалезна маса: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“
На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“. На настанот поддржан од Фондацијата Метаморфозис, а на кој беше претставена Алијансата за отворени […]
17.12.2013
Најава: Тркалезна маса „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“
На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржи тркалезната маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“. Овој настан е во организација на Алијансата за отворени образовни ресурси, а е […]
11.12.2013
Покана за прес-конференција: Промоција на бесплатна е-платформа за слободен пристап до информации од јавен карактер
По повод 10-ти декември, денот на човековите права, правната програма на Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, во среда, 11 декември 2013 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 10.30 часот, ќе одржи прес конференција за новинари на која ќе ја промовира бесплатната е-платформа за испраќање […]
11.11.2013
Учество на кампот за поддршка на заедницата во Сараево
Кампот за поддршка на заедницата (community boost_r) претставува настан кој поттикнува голема интеракција со учесниците на темите како да се користат (отворени) податоци за иницијативи поврзани со транспарентност и отчетност.
11.11.2013
Доделени наградите на Светскиот самит 2013
Конгресот за наградите на Светскиот самит 2013 се одржа во Коломбо, Шри Ланка, во периодот од 23 до 26 октомври. Овој настан ги собира на едно место најдобрите ИКТ иновации и најновите дигитални производи од сите краеви на светот, со цел да се претстават на глобалната сцена на светскиот конгрес за дигитални содржини.
07.11.2013
Реализирани обуката за одржливост и Вонредното собрание
Под покровителство и со поддршка на Европскиот младински форум од 25-28 октомври во Хотел Фени, Кавадарци се оддржа првата обука за одржливост за одредување на стратешките приоритети на Националниот младински совет на Македонија. Преку отворен и инклузивен процес членките на НМСМ во период од три дена имаа можност детално да ги дискутираат целите, визијата и […]
28.10.2013
Одржана презентација за политики за приватност на е-продавници
На 26 октомври, со почеток во 13 часот, во просториите на Јес инкубаторот се одржа презентација за воспоставување политики за приватност на веб-сајтови за е-продажба, на која присуствуваа 5 слушатели. Претставник од Метаморфозис беше гостин на обуката организирана од „Ексквизит“, со цел поттикнување на самовработувањето и развој на претприемачкиот дух.