Следи ги парите

Сервисот „Следи ги парите“ (www.SlediGiParite.mk) има за цел да ја доближи фискалната политика на локалните самоуправи во Македонија до граѓаните, преку едноставно и транспарентно прикажување на нивните буџети, односно приходите и расходите на општините од 2008 година па до денес. Информациите кои ги содржи сервисот ќе им овозможат на граѓаните да го следат трошењето на […]

Конференција „Одржливост на новите медиуми“

На 11 мај 2013 се одржа конференцијата за одржливост на новите медиуми во Македонија, на која земаа учество околу 80 претставници од медиумскиот сектор, како новинари и уредници, претставници на невладини организации, маркетинг агенции и меѓународни експерти. Организатор на настанот беше Метаморфозис, а се реализираше со финансиска помош од Амбасадата на САД. Целта на конференцијата […]

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Република Македонија усвои Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер во 2006 година, а правната рамка беше унапредена со измените на законот во 2010 година. И покрај ваквиот ветувачки развој на правната рамка, често многу е тешко да се оцени и да се знае колку всушност овие закони соодветствуваат со реалноста и колку […]

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која во времетраење од 30 месеци ја спроведува Метаморфозис, има за цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални […]

Обуки за ИКТ алатки за веб новинарство

Голем број медиуми се отвораат на интернет, но притоа квалитетот на обработените информации се намалува наспроти брзината со која тие се шират. Со подобрување на истражувачките вештини на новинарите, ќе се придонесе во зголемување на нивните капацитети за поцелосно искористување на можностите на интернетот како извор на информации и како алатка за брза проверка на […]

Слободни и фер избори 2011

Кампањата фокусирана околу Кодексот на однесување за слободни и фер избори 2011 се базира на научените лекции од минатите избори, повикувајќи ги партиските лидери, кандидатите и активистите да се однесуваат во согласност со меѓународните стандарди за избори.

Лицата со хендикеп се активни граѓани

Цел на проектот е да се обезбедат подобри можности за лицата со хендикеп, за тие да станат рамноправни и активни учесници – социјално и економски – во македонското општество.

Национална политика за слободен софтвер

Проектот има за цел создавање на документ за Национална политика за слободен софтвер (со отворен код) за централната и локалната власт, според примерот на е-Хрватска, со цел да се постигне поголема ефикасност во работата на државните органи, како и зголемена транспарентност и одговорност при јавните набавки на компјутерска опрема и софтвер. Проектот го имплементира Слободен […]

Поттикнување на локални е-содржини

Овој проект има за цел да го поттикне креирањето на локални е-содржини во Македонија, зголемувајќи го нивото на онлајн „производство“ на содржини на локалните јазици, како и квалитетот на достапните содржини, особено кога тие се однесуваат на образованието и отворениот пристап. Проектот ќе користи двоен пристап за изградба на капацитетите на потенцијалните и тековните креатори […]

Активно граѓанско учество преку употреба на нови технологии

Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на институциите на системот, преку нивното отворање за процесите на активно граѓанско учество, што ќе доведе до зголемување на внатрешната кохезија на македонското општество и забрзување на неговата интеграција во ЕУ. Проектот ќе се фокусира на градењето на локалните капацитети за формирање на партнерства и […]

Социјални медиуми за демократија

Проектот има за цел да овозможи демократски развој во Македонија, преку употребата на нови технологии – социјалните медиуми и содржините генерирани од граѓаните. Проектот ќе се фокусира на градење на капацитетите на активистите кои веќе работат на одредена кауза во рамките на своите заедници и на национално ниво, со цел да им се обезбедат вештини […]

Приватност на интернет на лесен начин

Проектот има за цел да помогне во развојот на демократијата и отвореното општество во Македонија, преку придонесување за заштитата на основните човекови права, во областа на заштита на дигиталната приватност. Конкретни цели на проектот се да ја подигне свеста на јавноста, а особено на децата, за нивните права во врска со употребата на интернетот и […]