Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните (МЕК)
Активностите на проектот беа во насока на подобрување на капацитетите на членовите на Комисиите за односи со заедниците (КОЗ) со цел да станат поефикасни, да се зголеми нивната видливост и способноста за работа во рамките на нивните законски одредени надлежности, преку употребата на нови технологии.