Регионален повик за доставување понуди за изработка на видеа
Ажурирано: Регионалниот повик за доставување понуди за изработка на видеа се продолжува до 31-ви декември, 23:59.
Фондација Метаморфозис објавува Регионален повик за доставување понуди за изработка на 3 видеа како дел од активностите поврзани со мапирање дезинформации и пропаганда во регионот на Западен Балкан.
Во рамки на овој повик, ќе се избере понудувач кој во периодот јануари 2023 година – март 2025 година ќе биде одговорен за изработка на
– 2 едукативни видеа (во времетраење 10-15 минути) и
– 1 документарно видео (во времетраење 30-45 минути).
Право да се пријават на овој повик имаат правни и физички лица кои нудат услуги од областа на продуцирање видеа. Физичките лица можат да се пријават и во групи од максимум 4 лица.
Понудувачот треба да ги исполнува следниве минимални услови:
– Да располага со соодветни технички и човечки капацитети за навремено, целосно и квалитетно спроведување на активностите кои се предмет на набавката и
– Да има претходно релевантно искуство во подготовка на видеа (минимум 3 години искуство во конкретната дејност) и да достави портфолио со досега сработени проекти (листа со линкови кои водат до продуцираните видеа).
Начин на аплицирање: испраќање на
– Кратки професионални биографии на лицето/лицата кои ќе бидат ангажирани за спроведување на активностите што се предмет на договорот;
– Финансиска понуда според образецот даден во Прилог 1 (составен дел од Повикот);
– Портфолио од претходни слични ангажмани во последните 3 години кое ќе содржи и контакт-податоци од нарачателите кои може да бидат контактирани за да го споделат искуството од соработката.
– Потпишана изјава за исполнување на условите, дадена во Прилог 2 (составен дел од Повикот)
на info@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 21.12.2022.
Детали за Повикот и образците за аплицирање:
– Регионален повик за доставување понуди за изработка на видеа
– Прилог 1 – Образец за финансиска понуда
– Прилог 2 – Изјава
Фондацијата Метаморфозис го задржува правото да контактира само со избраните понуди. Со испраќање на вашата кратка биографија (CV) се согласувате вашите лични податоци да се обработуваат и зачуваат за потребите на проектот во рамки на кој се спроведува овој Повик, а со цел спроведување на активностите во рамки на проектот.
Фото: Sam McGhee на Unsplash
Сподели:
Останати блог текстови
„Реформската агенда со скромни чекори : Граѓанскиот сектор вклучен во мониторингот, но институциите се затворени“ - Мета.мк Новинска агенција
22.09.2025
Македонија исполнила само 2 од 5 планирани чекори до декември 2024 година, или 40% од проектираните обврски fatemeh-rezvani-MnPWB-ybjHQ-unsplash Северна Македонија направи многу малку во однос на тоа што е потребно за реформската агенда. Ова го покажа табелата на резултатите од Програмата за развој и реформи на Западен Балкан објавена од Европската комисија. Граѓанското општество, иако […]
"Владата со селективна транспарентност: Бомбардирањето со соопштенија го маскира криењето на клучните информации" - Мета.мк
19.09.2025
Новинарите предупредуваат за сериозни пречки за пристап до клучни информации. Фото: Мета.мк На прв поглед, Владата на С. Македонија изгледа отворена: најавува активности, споделува соопштенија за медиумите и изјавува посветеност кон Стратегијата за транспарентност 2023–2026. Но, зад фасадата на отвореност лежи селективна практика: самите институции одлучуваат кои точки од дневниот ред да ги објават, кои […]
Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите
23.04.2025
Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]
Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно
16.04.2025
Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]
Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат
29.01.2025
Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]
Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените
30.12.2024
Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]