Во согласност со стратегијата на Фондацијата Институт отворено општество (ФИООМ) за премостување на „дигиталниот јаз“ и зголемување на интегративните способности на стратегиите од областа на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) во определени заедници, ФИООМ и Метаморфозис ќе поддржат формирање на Дигитални клубови (Digital Clubhouses).
Дигиталните клубови ќе бидат места кои ќе нудат голем број на активности и услуги кои вклучуваат пристап до ИКТ од страна на жителите во заедницата, со цел поддршка на нивниот социјален и економски развој.
Мисијата на дигиталните клубови е обезбедување на едукација, пристап до електронски бази на податоци, употреба на електронски сервиси (веб, е-пошта, и др.) и развивање на свест за информатичката технологија и демократија, како и промовирање на методологии и идеи кои ќе помогнат во забрзување на позитивното ширење на информатичката технологија меѓу луѓето без разлика на нивната возраст и потекло.
За да ја исполнат својата мисија, клубовите ќе работат на:
• Поттикнување на ИКТ писменост преку иновативни програми и проекти;
• Помагање на непрофитни организации во заедницата, премостување на дигиталниот јаз преку обезбедување на стратешка платформа, капацитети за обука и идеи за програми кои ќе им помогнат да ја подобрат својата работа како агенции за развој на заедницата;
• Промовирање на јавната свест и разбирање на важноста на универзалниот пристап и целосно учество во дигиталната ера;
• Обезбедување на собиралишта за поттикнување на развојот на работните вештини и нови форми на претприемништво, и
• Обезбедување на пристап до онлајн информации и ресурси.
Право на пријавување: Правни лица регистрирани во Република Македонија
Постапка за конкурирање:
За овој конкурс нема стандарден образец за пријавување. Организациите што ќе аплицираат треба да го достават следново:
• Проектен документ кој треба да ги вклучи следните информации:
– Резиме
– Краток опис на организацијата (име, адреса, вид, копија од регистрација)
– Лице/а одговорно за водењето на организацијата (директор, одбор)
– Лице/а одговорно за раководење со проектот и кус опис на нивната надлежност и искуство
– Фази на реализација
– Програма на активности (детален распоред)
– Односи со јавноста
– Очекувани резултати
– Евалуација (кој и како)
– Детален буџет во денари
• Сопствен придонес
• Други извори
• Побарано од ФИООМ
• Писмо/а за подршка или соработка помеѓу организации и институции ( на пр. со локалната власт или други НВО).
ФИООМ ќе финансира само набавка на компјутерска опрема и интернет пристап
Општи критериуми за избор:
Вреднувањето и изборот на проектите ќе се врши според следните критериуми:
• Соодветност на активностите на проектот со целите на проектот
• Капацитет на персоналот кој ќе го споведува проектот
• Услови на просториите во кои ќе бидат сместени дигиталните клубови (инфраструктура, близина на училишта, судови, библиотеки, невладини организации…)
• Степен на влијание
• Разумен буџет на проектот
• Издржаност на проектот
• Големина на целните групи опфатени со проектот
• Предложени активности на центарот
Дел од активностите што ќе ги нудат дигиталните клубови можат да бидат комерцијални, но не смеат да надминат 30% од вкупните услуги и активности на центарот.
За натамошни информации:
Метаморфозис, тел. (02) 3109 325, info@metamorphosis.org.mk
Краен датум за пријавување: 8 октомври, 2004
НАПОМЕНА: Право на аплицирање имаат само оние организации од населени места во кои нема веќе постоечки центри за пристап до ИКТ (на пр. интернет кафеа, Центри за поддршка на НВО-ии и сл.)
Ndaje: