Фондација Метаморфозис со задоволство Ве поканува на настанот „Да зборуваме за приватност“ што го организираме во вторник, на 30.08.2022, со почеток во 10:45 часот, во хотел Мериот во Скопје.

Во првиот дел, предвидена е кратка сесија на која учесниците во различните активности: обуки, менторство, разговори за приватност и слично, ќе дискутираат дали и како овие активности го промениле начинот на кој тие ја разбираат заштитата на лични податоци и како и дали научените лекции од овие активности го промениле начинот на нивно работење.

Вториот дел од настанот кој започнува во 11:45 часот ќе биде јавна дискусија на која ќе се обрати претставник на Агенција за заштита на лични податоци и ќе бидат презентирани спроведените активности и постигнатите резултати во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“.

Агендата за настанот можете да ја најдете тука, а доколку сакате да учествувате на настанот, ве молиме да го пополните овој линк.

Патните трошоци за учество на настанот ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до Скопје. За да можеме да ги рефундираме средствата, ќе биде потребно да ни ги доставите оригиналните сметки и билети од патувањето.

Сподели: