Фондацијата Метаморфозис ве поканува на работилницата која ќе се оддржи на 12 мај (петок), на која ќе имате можност да научите повеќе за начинот на користење на Microsoft Office 365.

Имате добиено донација на Microsoft Office 365, но не знаете како да ја употребувате за соработка и споделување на документи? Сега ќе имате можност да научите како најлесно да работите на еден документ повеќе вработени, како да споделувате документи внатре во организацијата и надвор од неа како и многу други придобивки кои ги нуди Microsoft Office 365.

Каде ќе се оддржи работилницата? Во канцелариите на Фондација Метаморфозис (погледни мапа тука).

Колку време ќе трае? Работилницата ќе трае еден час, со почеток во 15:30.

На оваа работилница исто така ќе имате можност да ги споделите вашите досегашни искуства. Поканети на оваа работилница се и организации кои немаат досега добиено донација на Microsoft Office 365.

Бидејќи местата се ограничени, ве молиме потврдете го вашето учество со пополнување на овој онлајн формулар.

Сподели: