Мени

Обука на наставници од основни училишта на тема „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“

Неколку наставници од различни градови на Република Македонија одржаа обуки на други наставници од основни училишта во нивните градови на тема „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“. Целта на оваа обука беше да се развијат знаењата за слобода на изразување и приватноста во дигиталниот простор, да се зајакнат способностите за унапредување, заштита и спроведување на слобода на изразување и приватноста во дигиталниот простор при работа со ученици и да се создаде можност за реализирање на работилници со ученици со цел зајакнување на слобода на изразување и приватноста во дигиталниот простор.

IMG_3472 (1)

Презентираните содржини на овие обуки беа:

Слобода на изразување

  • Дефинирање на слободата на изразување како човеково право
  • Меѓународни документи во кои со кои се определува правото на слобода на  изразување
  • Слободата на изразување и дигиталниот простор
  • Прекршување на слободата на изразување (навреда, клевета)
  • Примери извадоци од Прирачникот за говор на омраза
  • Казнени одредби за говор на омраза
  • Слобода на изразување и дигиталните медиуми (информација, обработка на информациите во дигиталниот простор)

 

Сајбер насилство

  • Дефинирање на поимот сајбер насилство
  • Разлики меѓу сајбер-насилство и сајбер-злоупотреба
  • Примери за сајбел насилство (брошура – Сајбер насилство и тоа е насилство)

Приватност

  • Дефинирање на поимот приватност
  • Примери за нарушување на приватноста
  • Прибирање лични податоци преку интернет
  • Политика за приватност

Untitled

Наставниците кои присуствуваа на оваа обука, ќе организираат настани поврзани со содржините на оваа обука во училиштата каде одржуваат настава.

Овие обуки се дел од проектот Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.