За потребите на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, финансиран од Европската унија и спроведуван од Фондација Метаморфозис во партнерство со Здружение Конект, објавуваме повик за доставување понуди за спроведување истражувања со:
- претставници на граѓански организации и
- вработени во државни и јавни институции
за нивното познавање на регулативата поврзана со заштитата на лични податоци.
Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.
Повик за доставување понуди за истражување
Прилог 1 – Формулар за финансиска понуда
Краен рок за доставување на понудата е недела, 08.05.2022 година. Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на vesna@metamorphosis.org.mk најдоцна до четврток, 05.05.2022.
![](https://metamorphosis.org.mk/wp-content/uploads/2022/04/audit-ge421510f0_1920.jpg)
Photo from Pixabay.com
Сподели: