СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје е една од трите организации од Северна Македонија која што стана дел од мрежата ICEDA – Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda и која што во наредниот период ќе работи на формирање и управување со граѓански центар за поддршка на е-владеење преку кој што ќе им помогне на жителите на Град Скопје во користењето на е-услугите на локално ниво. Вакви активности освен во Северна Македонија во рамките на мрежата ИЦЕДА ќе се спроведуваат и во Албанија,Косово,Црна Гора и Србија, а во рамките на проектот “Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА” која што го спроведува Metamorphosis Foundation ( Северна Македонија ), Академија за е-владеење ( Естонија), Levizja Mjfat!(Албанија), ЦРТА -Центар за истражување,транспарентност и отчетност ( Србија), НВО 35мм ( Црна Гора) и ODK – Отворени податоци Косово (Косово).Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Забелешка: Текстот е целосно превземен од веб-страницата на Скопје Лаб кои ја носат целосната одговорност за неговата содржина. За оргиналниот текст, кликнете тука.
Сподели: