Додека ги прибиравме податоците за извештаите за тековната состојба на спроведувањето на Дигиталната агенда во земјите од Западен Балкан, тимот на ИЦЕДА се обиде да одговори на следниве прашања:
?Што е Дигиталната агенда и зошто е важна?
?Кои се релевантните прашања со кои се справува Дигиталната агенда?
?Кои се главните слабости при искористувањето на придобивките од дигиталната трансформација кога станува збор за Западен Балкан и што може да се направи во врска со тоа?
Погледнете ја нашата анимација за да добиете одговор за прашања поврзани со Дигиталната агенда.
Истата е достапна на македонски, албански, англиски, српски и црногорски јазик.
Македонска верзија
Албанска верзија
Англиска верзија
Српска верзија
Црногорска верзија
Оваа анимација е дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ ко-финансиран од Европската Унија. Анимацијата е произведена со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на ИЦЕДА партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија.
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сподели: