На 10.02.2020, Фондација Метаморфозис одржа вебинар “Како да се изгради силен и одржлив систем за заштита на приватноста”, во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.

На вебинарот се дискутираше актуелниот Закон за заштита на личните податоци и механизмите во Северна Македонија од аспект на ГО, институции и граѓани, и преку истиот се обезбеди знаење и поддршка за ГО и институциите за нивното целосно усогласување со обврските што ги утврдува Законот. Над 150 заинтересирани граѓани, претставници на институции, граѓански организации, меѓународни организации, училишта и бизнис секторот, имаа можност преку вебинарот да го разберат Законот и моќта на (зло)употребата на нивните лични податоци од други субјекти, но и опасностите од споделување на туѓи лични податоци без никаква согласност.

Вебинарот се одржа на македонски јазик преку ZOOM платформата, и видео снимката од истиот може да ја проследите подолу.

——————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: