Фондација Метаморфозис, преку својата претставничка Мила Јосифовска Даниловска (програмска менаџерка на програмите за Социјална отчетност и човекови права онлајн), беше дел од овогодинешниот настан на Балканска мрежа за истражувачко новинарство – БИРН Хаб, Internet Freedom Meet (Состанок за слобода на Интернет). Настанот се одржа помеѓу 24-28.09.2022 во Тирана, со посебен фокус на употребата на технологијата во заштитата на човековите права.

Форматот на настанот беше комбинација од размена на мислења и искуства помеѓу учесниците преку дискусии, презентација на практични знаења и информации, како и анализа на податоци на различни теми – феминизам и интернет, прекршување на човековите права на ЛГБТ заедницата онлајн, поврзаноста на изборите и социјалните мрежи, вештачка интелигенција и нејзина (зло)употреба, и слично. Истовремено, како дел од состанокот за слобода на Интернет, учесниците имаа можност да ја посетат на Куќата на лисјата во Тирана, некогашното седиште на Гестапо за време на Втората светска војна, но и на албанската тајна служба во периодор помеѓу 1945-1991 година, лоцирана во рамките на Музејот за надзор.

Настанот исто така беше и место за состаноци на организациите членки на Мрежата за дигитални права на Југоисточна Европа, од која Фондација Метаморфозис е исто така дел. Повеќе информации за мрежата може да најдете на следниот линк: SEE Digital Rights Network

 

Сподели: