Извор: Фејсбук профил на Мила Царовска, Министерка за образование и наука (Северна Македонија)

Фондацијата Метаморфозис и Отворени податоци Косово со свои претставници присуствуваа на вчерашниот Појадок со министри, како дел од четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан, годинава организиран во Подгорица од 11 до 13 октомври, од страна на Министерството за јавна администрација, дигитално општество и медиуми и Советот за регионална соработка, со поддршка на Европската унија. Појадокот со министри беше интерактивен настан, чиј домаќин беше г-ѓа. Тамара Срзентиќ, министерка за јавна администрација, дигитално општество и медиуми во Црна Гора и г. Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација во Северна Македонија. Настанот создаде простор за плодна дискусија со истакнати соговорници, каде што тие имаа можност да ги споделат своите ставови и искуство за предложените теми. Целиот настан беше модериран од г -ѓа. Марина Бановиќ, државен секретар на Министерството за јавна администрација, дигитално општество и медиуми во Црна Гора.

Извор: Фејсбук профил на Мила Царовска, Министерка за образование и наука (Северна Македонија)

Претставници на институциите кои учествуваа на настанот беа Ивана Шариќ, Шеф за е-влада во Генералниот секретаријат на Советот на министри (Босна и Херцеговина), Тамара Срзентиќ, министерка за јавна администрација, дигитално општество и медиуми (Црна Гора), Артане Ризваноли, министер за економија (Косово), Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација (Северна Македонија) и Мила Царовска, министерка образование и наука (Северна Македонија).

Претставници од бизнис секторот беа Тарик Заимовиќ, извршен директор на „ICT Cortex“ (Црна Гора), Виолета Јовановиќ, извршен директор на „NALED“ (Србија), Линда Шомо, член на Управниот одбор на „AITA“ (Албанија), Бојан Вујиќ, претседател на Управниот одбор на „Infinity International Group, Prointer ITSS“ (Босна и Херцеговина), Анета Антова Пешева, претседател на Управниот одбор, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (Северна Македонија) и Марјан Стојановиќ, раководител на ИКТ асоцијација при Стопанската и индустриска комора на Србија (Србија).

Претставници на граѓанскиот сектор беа Ардијан Хакај, директор за истражување и координатор „Tirana Connectivity Forum“ во рамките на Институтот ЦДИ, (Албанија), Блерта Тачи, извршен директор на Отворени податоци Косово (Косово), Мила Јосифовска Даниловска, менаџер на програмата Социјална отчетност и човекови права Онлајн при Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Предраг Лечиќ, ко-основач на „Digitalizuj.me“ (Црна Гора) и Вјолца Чаволи, извршен директор на „ICT Association“ (Косово).

Извор: Фејсбук профил на Digital Summit – Western Balkan 6

Врз основа на искуството од регионалниот дијалог на високо ниво за дигитална трансформација, Дигиталниот самит на Западен Балкан 2021 се одржа во рамките на Берлинскиот процес и акциониот план на Заедничкиот регионален пазар за Западен Балкан усвоен во Софија во ноември 2020 година. Повеќе информации за целиот самит може да се најде овде.

 

Сподели: