На 25 и 26 јануари 2021 година, тимот на Академијата за е-владеење заедно со партнерите на ICEDA, го организираше првиот дел од ICEDA обуката за суб-грантисти и членови на ICEDA мрежата во врска со дигиталната агенда со искуство, знаење и вештини од Естонија. Вториот дел од обуката се предвидува да биде во февруари, по што ќе следат 2 вебинари за теми кои самите учесници ги избираат како најпотребни.
Обуката беше дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – проект – ICEDA, кофинансиран од Европската унија. Таа имаше за цел да ги зајакне капацитетите на суб-грантистите и членовите на мрежата ICEDA и да им помогне да разберат како функционира теоретскиот дел на дигиталната агенда во реалниот живот, како да ги идентификуваат и мапираат потребите за вклучување во дигиталната агенда, како да се претворат овие потреби во решенија, како да се подигне свеста и да се промовираат е-услугите меѓу локалните заедници и како да се поддржат локалните граѓани и институции да имаат корист од дигиталната агенда и е-услугите. Содржината на обуката се засноваше на претходна проценка што беше спроведена со цел да се развијат обуки што целосно ќе им служат на потребите на учесниците.
Обуката беше наменета за градење на капацитетите на суб-грантистите и членови на мрежата ICEDA од првиот циклус на шемата за мали грантови ЛОТ 1: Доделување суб-грантови за центри за поддршка на е-владеење, имено, од Албанија – Artivista Center, Epoka e Re (Нова Епоха) и Европска Младинска Асоцијација, од Косово – Демократија Плус, Форум за граѓански иницијативи и Младински Центар на Косово, од Црна Гора – Центар за образование на млади, Ромска младинска организација “Чекорете со нас- Phiren Amenca” и Супер Хаб Пљевља, од Северна Македонија – Здружение за толеранција и соработка на граѓаните (ACTAC), Рурална Коалиција и SmartUp – Лабораторија за социјални иновации и од Србија – Центар за социјална интеграција, Дели – Простор за креативна активност и SINHRO.
Патувањето на учесниците кон развојот на дигиталната агенда го водеа експертите на Академијата за е-владеење, Кристина Менд и Мерл Маигре, и истакнатите експерти за е-владеење во Естонија, Јанек Розов (Центар за информатичка технологија и развој при Министерството за внатрешни работи), Антс Силд ( Балтички компјутерски системи) и Марго Лор (Citizen OS).
————————————————————————————————————————————————————————————————–——
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сподели: