Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организира онлајн информативна сесија во форма на вебинар за потенцијални апликанти на Повикот за апликации за грантови за граѓански организации.

Сесијата ќе се одржи на 10.09.2020 година (четврток) во 10:00 часот на ZOOM платформата со времетраење до 1 час. Сесијата ќе се состои од кратко претставување на проектот, Повикот и одговарање на поставените прашања во врска со Повикот. Сесијата ќе биде на македонски јазик.

Сите заинтересирани страни се повикани да ја пополнат апликациската форма (https://cutt.ly/QfxXGH7), по што ќе добијат линк за влез во Онлајн информативната сесија.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Оворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.

Сподели: