За потребите на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, финансиран од Европската унија и спроведуван од Фондација Метаморфозис во партнерство со Здружение Конект, објавуваме повик за доставување понуди за писмен превод од македонски на албански и англиски јазик и обратно и лектура на текстови на македонски и албански јазик.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.

Повик за доставување понуди за писмен превод и лектура (последно ажурирање 7.6.2022)

Прилог 1 – Образец за финансиска понуда

Прилог 2 – Изјава

Краен рок за доставување на понудата е среда, 15.06.2022 година. Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на vesna@metamorphosis.org.mk најдоцна до четврток, 09.06.2022.

Photo from Pixabay.com

Сподели: