Меѓународниот почетен состанок на мрежата за застапување на ICEDA за Северна Македонија се одржа онлајн денес, 18.12.2020 година. На состанокот присуствуваа новите суб-грантисти и членови на мрежата, односно Рурална коалиција, AГТИС – Здружение за граѓанска толеранција и соработка и SMART UP – Лабораторија за социјални иновации. Целта на состанокот беше обезбедување простор за вмрежување на суб-грантистите / членови на мрежата ICEDA и нивно запознавање со проектот и мрежата ICEDA, правилата за известување и видливост на проектот, како и следните чекори за градење на нивните капацитети и функционирање на мрежата.

Фондацијата Метаморфозис и партнерите на проектот „Зголемување на граѓанскиот ангажман во дигиталната агенда – ICEDA“, кофинансиран од Европската унија, со задоволство ве информираат дека 15 под-грантови (мали грантови) се доделени преку првиот циклус на Шемата за мали грантови ЛОТ 1: Доделување суб-грантови за центри за поддршка на е-владеење.

15-те мали грантови беа доделени на 3 граѓански организации од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои во наредниот период, како дел од мрежата ИЦЕДА, ќе работат на формирање и управување со граѓански центри за поддршка на е-владеење преку кои ќе им помогнат на нивните целни групи да користат одредени е-услуги и да шират дигитална писменост.

Повеќе информации за 15-те доделени суб-грантови во Западен Балкан поддржани од ICEDA може да најдете овде.

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: