Обуката за обучувачи за слобода на изразување и приватност на интернет ќе се одржи од 17 до 19 јуни, 2014 г. во Каен, Франција. Обуката ќе се одржи во рамките на Децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија (http://www.bn-mk.org), и е ко-организирана од страна на фондацијата Метаморфозис од Скопје и Меѓународниот Институт за човекови права и мир од Каен.

Целта на обуката е да се споделат знаења и искуства од различни аспекти на заштитата на човековите права на интернет во мрежа составена од експерти за човекови права, активисти за дигитални права и наставници во средните и основните училишта од Македонија и Франција. Обучените обучувачи потоа ќе работат на проширување на мрежата во нивните земји, обучувајќи повеќе нивни колеги и организирајќи настани за јавно образование, наменети за студентите и јавноста.

Програмата за обуката ќе се фокусира на споделување информации за рамката за човекови права на меѓународно ниво, релевантните особености на правните системи во Франција и во Македонија, како и на испитување на разните педагошки пристапи со цел овие теми да се приближат до студентите во двете земји.

Преземете ја агендата (.pdf)

Сподели: