Партнерите на ICEDA во соработка со партнерот-домаќин Open Data Kosovo (Косово) организираат регионални дијалози за Дигиталната агенда, овој пат на тема „Дигитално управување во регионот преку Партнерство за отворена власт и други иницијативи“. Настанот ќе се одржи на 14 декември во Приштина (Хотел Емералд) во 10:00 часот, а на него ќе се соберат претставници на релевантни институции, граѓанското општество и други засегнати страни од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Настанот ќе ја истражува подлабоко темата Партнерство за отворена власт (ПОВ) во однос на дигиталното управување и ќе се состои од две сесии со цел да се истражат главните области во врска со дигиталната трансформација преку ПОВ:

  • Сесија I: Дигитализација – приоритет во националните акциони планови за Партнерство за отворена власт на земјите од Западен Балкан (успешни приказни)
  • Сесија II: Граѓанско-центрични политики – Улогата на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на националните акциони планови за Партнерство за отворена власт

Секоја од сесиите ќе обезбеди простор за претставници на институциите и граѓанските организации од регионот, како и оние од областа, да споделат и дискутираат не само за нивните индивидуални работни напори, туку и да обезбедат поголема слика во однос на напорите што се прават во нивните земји во врска со овие теми.

Покрај физичкото присуство, настанот може да се следи и во живо преку платформата ZOOM, или преку Фејсбук страницата на проектот ICEDA (@ICEDAproject).

Сите заинтересирани да го следат настанот преку Zoom, можат да се пријават за настанот преку следниот линк: https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_uvQx4O6IR7u65whoJOFEHQ . Откако ќе се регистрирате преку оваа врска, автоматски ќе ја добиете врската до настанот на е-поштата која ја оставате при регистрација.

—————————————————————————————————————————————

Настаните се дел од регионалниот проект Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA, кој промовира подобро вклучување на граѓаните во обликувањето и спроведувањето на Дигиталната агенда во Западен Балкан. Финансиски е поддржан од Европската Унија.

Сподели: