Партнерите на ИЦЕДА во соработка со невладината организација-домаќин што е исто така дел од мрежата ИЦЕДА, НВО 35мм ги организираат Дијалозите за дигиталната агенда: Дали можеме да имаме квалитетни е-услуги без дигитален идентитет? кои ќе се одржат на 24 јуни во Подгорица (Хотел Подгорица). На настанот ќе присуствуваат претставници на релевантни институции, граѓанско општество и други засегнати страни од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, и ќе разговараат за дигиталниот идентитет во ерата на напредни дигитални транзиции, како и за можностите за користење на дигиталниот идентитет за креирање квалитетни е-услуги наменети за граѓаните.
За време на оваа регионална дискусија, посебно внимание ќе се посвети на предностите и предизвиците што ги носи дигиталниот идентитет при креирањето и надградбата на електронските услуги на национално и локално ниво.
Настанот е креиран да овозможи размена на знаења и практики меѓу регионалните лидери, но и да иницира дискусија и продуктивен дијалог за можностите и предизвиците за користење на дигиталниот идентитет за јавни услуги.
Покрај регионалната дискусија, НВО 35мм ќе го претстави Националниот извештај и Планот за подобрување на дигиталната агенда во Црна Гора за 2022 година и ќе разговара со претставниците на граѓанското општество за и на јавната администрација и на општеството во целина. По презентацијата, Националниот извештај и Планот за подобрување на дигиталната агенда во Црна Гора ќе бидат достапни на веб-страницата www.nvo35mm.me.
Покрај физичкото присуство, настанот ќе може да се следи во живо преку платформата ZOOM, или преку Фејсбук страницата на проектот ICEDA (@ICEDAproject). Поради ограничениот капацитет на местото, ги замолуваме сите заинтересирани да го потврдат своето присуство со пополнување на овој формулар https://forms.gle/592LJzwqk98EE932A до 21 јуни до 18 часот и да наведат дали ќе присуствуваат на настанот во живо или ќе го следат онлајн, за да добијат потврда или линк.
——————————————————————————————————————————————
Настаните се дел од регионалниот проект Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA, кој промовира подобри дигитални услуги во Западен Балкан. Финансиски е поддржан од Европската Унија и делумно кофинансиран од Министерството за јавна администрација на Црна Гора
Сподели: