На 2 септември, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хибрдиен настан Панел дискусија: Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните, организирана од страна на Фондација за слободата “Фридрих Науман”, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Инстиутот за општествени и хуманистички науки. Агендата за настанот може да ја најдете тука.
Настанот се организира во синергија со проектите поддржани од Фондација за слободата “Фридрих Науман”, спроведувани од страна на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Инстиутот за општествени и хуманистички науки, и во синергија со проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА. Истиот ќе придонесе за јавната и експертска дебата за можностите за вистинска дигитализација на услугите, обезбедени од јавната администрација на централно и локално ниво во Северна Македонија и ќе послужи како извор на клучно и стручно знаење за одговорните засегнати страни.
Врз основа на две компатибилни студии, изработени од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Инстиутот за општествени и хуманистички науки, сметаме дека постои огромна потреба да се започне разговор помеѓу граѓанското општество, и групите за застапување и креаторите на политиките за тоа како декларираната посветеност на владата кон дигиталната демократија се спроведува. Покрај тоа, прашањето за нејзината децентрализација е од суштинско значење бидејќи е предуслов за правилна, успешна и ефикасна дигитализација на управувањето и општеството. Така, прашањето за дигиталната администрација не е само еден сектор што ги комбинира администрацијата и ИТ под едно министерство, туку пресекува неколку сектори. Бидејќи личните документи и нивната децентрализирана дигитализација се непосредни придобивки од прокламираната дигитализација за граѓаните, нашите студии и овој настан се фокусираат на ова прашање. Ние предлагаме решенија за политика за усогласување на „пред-дигиталните“ закони за лични документи со поновите кои опфаќаат лични документи, регистар на население и сродни прашања донесени во 2019 година. Исто така ја истражуваме инфраструктурата и капацитетите на општините да спроведат соодветна административна децентрализација во областа на личните документи.
Настанот е од отворен карактер и на него се очекува да присуствуваат претставници од институции, граѓански организации, медиуми и други засегнати страни, во мал работен круг од до 30 лица. Настанот ќе се одвива во живо и преку Интернет. Работен јазик на настанот е македонски јазик, со обезбеден превод на албански и англиски јазик.
Говорниците на настанот се релевантни претставници на институциите и на граѓанскиот сектор од Република Северна Македонија, односно:
• г-ѓа Ана Малцева – Маринковиќ, Кабинетски службеник за координација на соработката на Претседателот на Владата со државните органи, јавни претпријатија, установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и други правни лица
• г-ѓа Искра Геразова Мујчин, истражувач при Институтот за општествени и хуманистички науки
• г-ѓа Мила Јосифовска Даниловска, менаџер на програмата за Општествена одговорност и човекови права онлајн при Фондација за интернет и општество Метаморфозис
За учество на настанот преку ZOOM, Ве замолуваме се регистрирате на следниот линк: https://forms.gle/Mo4emrL9YRHU9MEfA .
Напомена: Заради потребите на проектот, настанот ќе биде сниман и се планира да има Facebook live streaming.
Сподели: