Партнери Србијa, како членови на мрежата на ICEDA, ја организираа својата годишна конференција ,,Недела на приватноста“ за го одбележат Денот за заштита на лични податоци (28 јануари).

Недела на приватноста е годишен настан што за првпат се одржа во 2021 година, 10 години по оформувањето на Партнери Србија, заедно со Комесарот за пристап до информации од јавно значење и заштита на лични податоци, за да се одбележи Денот за заштита на лични податоци во Србија за првпат.

На настанот имаше дискусии за проблеми со заштита на приватноста и личните податоци помеѓу експерти од граѓанскиот, приватниот и од јавниот сектор. Настанот беше организиран за да ги зголеми познавањата на јавноста за разни проблеми што се однесуваат на граѓанското право на приватност, како да се одбрани граѓанското право на приватност, а воедно имаше и пообемни дискусии за состојбата со заштитата на приватноста и во Србија и пошироко. Неделата на приватноста им дава можност на јавните службеници, граѓанското општество, приватниот сектор и на јавноста да продискутираат, да го зајакнат заемното разбирање и да поттикнат промена.

Целта на Неделата на приватноста е да даде преглед на постигнатите стандарди и проблеми при спроведувањето на постојната правна рамка за заштита на приватноста и личните податоци, како и да понуди решенија што би можеле да ја подобрат моменталната ситуација во оваа област. Треба да се земе предвид дека овој настан беше организиран додека се изготвуваа новата Стратегија за заштита на лични податоци, Законот за внатрешни работи, Етичките насоки за развој, примена и употреба на доверлива и одговорнa вештачка интелигенција и други секторски закони што се однесуваат на заштитата на приватноста на граѓаните, а одредени предизвици во таа област исто така беа наведени во Извештајот на Европската комисија за Србија од 2022 година.

Оваа година нашите теми ќе вклучуваат:

  • Видеонадзор и употреба на системи за препознавање лице
  • Протекување податоци од медиумите и заштита на приватноста
  • Процена на влијанието на заштитата на лични податоци во законодавните процеси
  • Усогласување на секторските закони со законските стандарди за заштита на лични податоци
  • Контрола на спроведувањето на правната рамка за заштита на лични податоци
  • Контрола на примената и етичката употреба на вештачката интелигенција
  • Приватноста како прашање на конкуренција: барања за заштита на лични податоци во спојувањата и преземањата деловни субјекти
  • Согледувања за приватноста во ек на примената на Дигиталната агенда во Западен Балкан

,,Недела на приватноста“ беше настан организиран на хибриден начин и се овозможи учество во живо или онлајн.

За подетална агенда кликнете ТУКА

Овој настан е поддржан од Европската Унија, Амбасадата на Холандија во Србија, Фондацијата за отворено друштво, Србија, институт DT и УСАИД.

Сподели: