Во декември 2020, Фондацијата Метаморфозис и партнерите на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA“, кофинансиран од Европската унија, доделија 15 суб-грантови (мали грантови) преку првиот циклус на шемата за мали грантови ЛОТ 1: Доделување суб-грантови за центри за поддршка на е-владеење. 15-те мали грантови беа доделени на 3 граѓански организации од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои како дел од мрежата ICEDA, работат на формирање и управување со граѓански центри за поддршка за е-владеење преку кои ќе им помогнат на нивните целни групи да користат одредени е-услуги и да шират дигитална писменост.

Во јануари и февруари 2021, кон мрежата ИЦЕДА се придружија и граѓанските организации кои се партнери на наградените 15 суб-грантисти, со цел здружено и координирано дејствување и работење за промовирање на поголема вклученост на граѓаните во Дигиталната агенда за Западен Балкан. Меѓу нив се:

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: