Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество го следеше спроведувањето на Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност 2019 – 2021 во првите шест месеци. Стратегијата и нејзиниот Акциски план претставува двегодишен документ за периодот декември 2019 – декември 2021 кој се однесува не само на пасивната транспарентност (која и во моментов претставува законска обврска), туку и на активната транспарентност.

Мониторингот на Акцискиот план се основаше екслузивно врз рамката за мониторинг и евалуација на успехот на активностите поставена во самата Стратегија. Неговото следење беше од две перспективи: дали Акцискиот план се спроведува навремено и дали се спроведува целосно. Опфатени беа 16 министерства и 34 органи и тела на извршната влас.

Резултатите покажуваат дека ниедна активност планирана во првите шест месеци во Акцискиот план не е целосно реализирана, три активности се во тек и сите останати не се започнати. Повеќе за резултатите од овој шест месечен мониторинг може да прочитате тука.

Сподели: