До крај на август 2021, на над 6700 граѓани од Северна Македонија им е пружена поддршка за користење на јавни е-услуги и алатки ореку ИЦЕДА Центрите за поддршка на е-владеење формирани во Скопје, Прилеп и Кичево. Трите центри се поддржани преку малата грантова шема на проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда-ICEDA кофинансиран од Европската Унија, а ваков тип на центри има во 5 држави од Западен Балкан кои ја примаат истата поддршка. Повеќе за работата на центрите може да прочитате тука.
Локален центар за поддршка на е-владеење Кичево
Месецов, тимот на Метаморфозис беше во посета на Центрите за поддршка на е-владеење во Скопје, Прилеп и Кичево, и успеа да поразговара со организациите кои управуваат со центрите и редовно им помагаат на граѓаните полесно да аплицираат за е-услуги или за субвенции од јавните институции по електронски пат. Покрај формирање и одржување на центрите, грантистите имаат и неколку успеси помеѓу кои правење нови синергии со различни чинители, издејствување на нови заложби во најновиот Национален Акциски План на Партнерство за отворена влада, промоција на центрите и главните цели преку интервјуа и статии во медиумите, итн. Главниот предизвик со кој тие се соочуваат е привлекување на поголем број граѓани и пружање на поддршка директно во нивните центри, најмногу поради пандемијата поради која луѓето се плашат да се движат во затворен простор и најмногу бараат поддршка онлајн, преку e-mail или телефонски. Последните локални избори исто така се покажаа како предизвик бидејќи се случи целосна промена на градоначалниците каде што тие дејствуваат што им претставува дополнителен терет поради моментот дека мораат повторно да градат доверба со институтциите и повторно да застапуваат за да добијат поддршка од нивна страна во центрите.
Смарт АП Лабораторија за социјални иновации
Во срцето на главниот град, SmartUp-Лабораторија за социјални иновации во соработка со Скопје, раководи со нивниот центар Скопје Лаб кој е сместен во Градски парк во рамки на просториите на Град Скопје и истиот е отворен за јавноста секој ден. Овде граѓаните можат да добијат поддршка преку директни состаноци, преку е-пошта или телефон. СМАРТ АП исто така пружаат поддршка за граѓаните и преку нивниот веб портал каде што граѓаните можат да дознаат и да искористат некои од е-сервисите на Град Скопје и да добијат поддршка при нивно користење.
Асоцијација за Граѓанска Толеранција и Соработка – АГТИС
Асоцијација за Граѓанска Толеранција и Соработка – АГТИС работи во општините Долнени и Прилеп, најмногу со маргинализирани заедници помеѓу кои и Роми, граѓаните со ниски приходи и граѓани со низок степен на образование. Покрај штандот за е-услуги кој го организираа на 20 локации за да дојдат до граѓаните и директно да им помогнат да искористат одредени е-услуги, центарот во кој тие пружаат поддршка е лоциран на ул. Пиринска бр.62, Прилеп, но исто така може да ги добиете телефонски и преку е-mail. Повеќе информации може да најдете тука.
Рурална коалиција
Рурална Коалиција дејствува во Гостивар, Врапчиште, Кичево, Кривогаштани и Долнени, и им пружа поддршка на земјоделците и локалните жители да користат е-услуги. Доколку имате потреба од помош за користење на одредени е-услуги за кои може Рурална Коалиција да ви пружи помош, ве советуваме да појдете до нивниот Центар за поддршка на граѓаните за користење на е-услуги кој се наоѓа на ул. 4-ти Јули бб, 6250 Кичево. Тие можат да ви пружи поддршка исто така и телефонски и преку e-mail, а корисни информации може да најдете на нивната рурална платформа https://e-zemjodelskiuslugi.mk/ .
——————————————————————————————————————————————
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сподели: