Од 23-ти до 25-ти август 2023 година, се одржа настан за вмрежување на ACTION SEE мрежата. Настанот имаше за цел да им овозможи простор за дискусија и координација на членките на ACTION SEE мрежата.

Претставници од Open Data Kosovo, Partneri za demokratske promene Srbija, Mjaft! од Албанија, Zasto ne од Босна и Херцеговина, CDT од Црна Гора и Фондација Метаморфозис од Северна Македонија, разговараа за спроведените активности во рамките на ACTION SEE проектот, актуелните општествени новости во Западен Балкан, но и плановите за идни заеднички активности.

ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владите во регионот на Југоисточна Европа, зголемувајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет и градење капацитети и интерес кај граѓанските организации и поединци во регионот за користење на технологијата во работата за промовирање на демократијата.

Сподели: