На 5 октомври 2022, тимот на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ одржа средба со Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, поврзана со политиките и процесите за добро владеење, како и важноста на вклучување на граѓаните во процесот на дигитална трансформација на општеството.

“Граѓанскиот сектор има суштинска улога во креирањето на квалитетни политики за добро владеење и дигитална трансформација на општеството. Вклученоста на граѓанскиот сектор во сите општествени процеси, вклучително и во делот на дигиталната трансформација на општеството е од исклучително значење. За таа цел воспоставив редовна комуникација со граѓанскиот сектор, кој дава значаен придонес и чија улога е суштинска во креирањето на квалитетни политики во трите клучни стлба на кои работи мојот Кабинет, а тоа се – дигитална трансформација на општеството, антикорупциски политики и добро владеење, како и професионални, ефикасни и транспарентни институции.” – напиша Грковска на својата Фејсбук страница.

Фотографиите се преземени од Фејсбук профилот на Славица Грковска.

Претставници на Метаморфозис на состанокот беа извршниот директор Бардил Јашари, програмски менаџер Мила Јосифовска Даниловска и проектен лидер Маријана Јанчевска.

Сподели: