На 11 март 2021 година, тимот на Академијата за е-владеење заедно со партнерите на ICEDA, го организираше првиот вебинар за ИЦЕДА суб-грантисти и членови на ICEDA мрежата, на темата Сајбер безбедност. Целта на вебинарот беше да се развие дискусија за тоа што значи сајбер безбедност за институциите, а што за граѓаните, безбедноста на личните информации, како граѓаните можат да ја следат употребата на нивните податоци и да ги надгледуваат надлежните органи преку е-владеење, како да се подигне свеста кај граѓаните во врска со сајбер безбедноста и безбедното користење на е-услугите, онлајн алатките, Интернетот, и што можеме и што не можеме да смениме за безбедноста во мрежата. На вебинарот преку интерактивни сесии, презентации, квизови, национални и групни дискусии, учесниците можеа да разменат знаења и искуства од нивните држави од Западен Балкан.

Обуката беше наменета за градење на капацитетите на суб-грантистите и членови на мрежата ICEDA од првиот циклус на шемата за мали грантови ЛОТ 1: Доделување суб-грантови за центри за поддршка на е-владеење, имено, од Албанија – Artivista Center, Epoka e Re (Нова Епоха) и Европска Младинска Асоцијација, од Косово – Демократија Плус, Форум за граѓански иницијативи и Младински Центар на Косово, од Црна Гора – Центар за образование на млади, Ромска младинска организација “Чекорете со нас- Phiren Amenca” и Супер Хаб Пљевља, од Северна Македонија – Здружение за толеранција и соработка на граѓаните (ACTAC), Рурална Коалиција и SmartUp – Лабораторија за социјални иновации и од Србија – Центар за социјална интеграција, Дели – Простор за креативна активност и SINHRO.

Целиот процес на надоградување на знаењето беше предводен од експертите од Академијата за е-владеење, Кристина Менд, Еп Маатен и Мерле Маигре.

——————————————————————————————————————————————————————————————

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: