Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организираше онлајн информативна сесија во форма на вебинар за потенцијални апликанти на Повикот за апликации за грантови за граѓански организации.

Сесијата се одржа на 10.09.2020 година (четврток) во 10:00 часот на ZOOM платформата со времетраење од околу 1 час и половина, и на истата присуствуваа околу 100 заинтересирани учесници.

Сесијата се одвиваше на македонски јазик и се состоеше од кратко претставување на Метаморфозис, проектот, Повикот и одговарање на поставените прашања во врска со Повикот.

Снимката од сесијата може да ја најдете тука.

Сите заинтересирани потенцијални аплликанти се поканети да го разгледаат документот ЧПП – Често поставувани прашања.

За сите останати прашања во врска со Повикот, сите заинтересирани страни се поканети да ги испратат писмено на iceda@metamorphosis.org.mk најдоцна до 15.09.2020.

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.

Сподели: