Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис организираше онлајн фокус групи за утврдување на приоритетите на засегнатите страни со цел отворање на базите на податоци на државните институции. Фокус групите се одржаа на 08 јуни 2020 година. Целта на дискусиите беше утврдување на потребите за отворени податоци на граѓанскиот сектор и на бизнис секторот, приоретизација на отворање на базите на податоци на државните институции и идентификување на пречки во процесот на отворање на податоците.

Првата фокус група беше наменета за граѓанскиот сектор и на дискусијата присуствуваа претставници на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените; Центарот за управување со промени; Фондацијата Отворено Општество Македонија; Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка; Здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци – Љубезност и Министерство за информатичко општество и администрација.

Втората фокус група беше наменета за бизнис секторот и на дискусијата присуствуваа претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ; Start Up Aкадемија; Start Up Македонија и Министерство за информатичко општество и администрација.

Исто така, се спроведоа интервјуа со претставници од медиумите со цел утврдување на нивните потреби и приоритети за отворање на базите на податоци на државните институции.

Заклучоците и наодите од дискусиите, заедно со информациите добиени од спроведените интервјуа, ќе бидат доставени до Министерство за информатичко општество и администрација и до останатите релевантни институции. Овие податоци ќе бидат основа за спроведување на наредните активности за отворање и користење на податоците на државните институции.

Во наредниот период Фондацијата Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди техничка помош на институциите во Република Северна Македонија за подобрување на употребата на отворени податоци.

Сподели: