На 24 март, среда, се одржа онлајн дискусија за состојбата на Дигиталната агенда во Србија, преку презентација на проектот ICEDA и локалните иницијативи во Србија, кои ќе ја едуцираат јавноста во градовите и заедниците во период од 18 месеци преку спроведувањето на нивните проекти за дигитални услуги што се развиваат во рамките на е-владеење во Србија.
Настанот го отвори и го водеше Филип Миленковиќ, во име на Центарот за отчетност, истражување и транспарентност (ЦРТА), локален партнер на ICEDA и основен член на мрежата. Воведниот говор го одржа Мила Јосифовска-Даниловска од Фондацијата Метаморфозис од Северна Македонија, која се осврна на значењето на регионалното вмрежување, презентирајќи ја мрежата и проектот ICEDA и колку е значајно вклучувањето на граѓанските организации во креирањето политики, за подобро спроведување на дигиталната агенда.
Иако дигитализацијата е еден од главните приоритети на Владата на Република Србија и земјите од регионот, бројот на граѓани кои користат електронски услуги е сè уште мал. Иако на граѓаните сѐ повеќе им се нудат електронски услуги, тие честопати се пресложени и непознати за граѓаните, што бара дополнителен ангажман на граѓанските организации и медиумите во нивното промовирање и унапредување. Што – и зошто – може да се подобри? Како можат претставниците на граѓанското општество, граѓаните и медиумите да го подобрат она што државата го прави во областа на дигитализацијата на своите услуги? Што е Дигитална агенда на ЕУ и како можеме, заедно, да ја подобриме? Ова беа прашањата кои се дискутираа на настанот.
Три организации од Србија, ДЕЛИ од Ниш, Синхро Хаб од Панчево и Центарот за социјална интеграција од Врање, накратко ги презентираа своите проекти.
Анита Стојановиќ од Центарот за социјална интеграција најпрво ја сподели состојбата на употреба на дигиталните алатки и услуги во Врање. Презентираните податоци јасно укажуваат на потреба за директна работа со граѓаните. Со цел сите граѓани на Врање да имаат корист од дигитализацијата, Центарот за социјална интеграција го спроведува проектот „Дигитализација на врски со иднината“, во рамките на кој ќе бидат организирани обуки за основите на употреба на современи технологии и дигитални содржини. Исто така, ќе се креира веб-страница со цел да се приближат електронските услуги до граѓаните преку користењето на дигитални алатки и ќе вклучува мултимедијална содржина, која ќе биде фокусирана на корисничкото искуство каде што аудио-визуелните упатства ќе бидат поедноставени за крајниот корисник кој нема претходно искуство во користење услуги достапни преку платформата за е-владеење.
На потребата од директна работа со граѓаните се осврна и Тамара Спасиќ од организацијата ДЕЛИ Простор од Ниш. „Влада на ЕУ во градот Ниш“ е проект имплементиран во партнерство со Канцеларијата за локален економски развој и проекти на градот Ниш и има за цел да ја промовира дигиталната агенда за Западен Балкан на локално ниво со фокус на употреба на локално е-владеење и негов понатамошен развој. Во текот на целиот овој проект, организацијата ќе основа центар за поддршка на е-владеењето во нејзините простории во градот Ниш. Исто така, ќе се работи на зголемување на употребата на постојните локални е-услуги во градот Ниш од страна на граѓаните преку нивни директни презентации на шалтерите на јавната администрација и во руралните области. ДЕЛИ ќе снима видео упатства за постојните локални е-услуги и ќе ги емитува во партнерство со локалните медиуми.
Наташа Ленџел од Синхро Хаб го претстави проектот „Промовирање на дигитална агенда и е-услуги во градот Панчево“, кој како дел од проектот ICEDA го спроведува Синхро Хаб Панчево, во партнерство со граѓанското здруѓение CETRA. Тие ќе направат истражување за употребата и задоволството од е-услугите во градот Панчево, спроведено на репрезентативен примерок од 600 испитаници, ќе креираат 10 видео упатства што ќе им помогнат на граѓаните да ги користат е-услугите, ќе организираат работилници со медиуми, граѓански здруженија и локални владини претставници кои ќе придонесат за подобрување на е-услугите и ќе промовираат дигитална агенда и употреба на е-услуги директно на јавните штандови на владите во Панчево и во руралните области.
На настанот присуствуваа и двајца гости говорници кои ги споделија своите практични искуства со дигитализацијата во Србија.
Милан Трбојевиќ, попознат како „Ви недостасува еден документ“ на српскиот интернет простор, ги сподели своите искуства во работата со претприемачи. Денес, Агенцијата за деловни регистри нуди можност за регистрирање на претприемачки активности преку Интернет, а можно е и пријавување даноци на порталот ePorezi. Иако состојбата не е идеална, позитивната промена е очигледна.
Мирјана Кодранов, од Агенцијата за смедководство „Дом на доверба“, ги сподели своите искуства за користење електронски услуги наменети за сметководители, фокусирајќи се на дигитални сертификати за нивниот пристап и законски задолжително пополнети фактури. Многу често, вусшност секоја година, системот на електронско доставување на конечни сметки „паѓа“ кога е најпотребен, поради преоптоварување. Исто така, сертификатите не работат на сите компјутери, па затоа често е потребно да имате повеќе од нив, што дополнително го отежнува процесот. Според Мирјана, системот треба да биде многу поедноставен и безболен.
На настанот присуствуваа и претставниците на медиумите од Панчево, Ниш и Врање.
Видеото од целиот настан може да се погледне подолу.
Проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА е ко-финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово).
Сподели: