Мени

Почетен состанок на проектот “Зголемување на граѓанското учеството во дигиталната агенда – ICEDA” во Белград, Србија

Почетниот состанок на партнерите на проектот Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА се одржа во Белград, Србија на 2 и 3 март, 2020. На состанокот присуствуваа претставници од водечкиот проект-партнер Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија) , како и претставници од партнерските организации, Академијата за е-владеење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм  (Црна Гора) и Oтворени податоци Косово (Косово).

Оваа средба им послужи на партнерите да разговараат за динамиката на проектот, претстојните и идните активности, како и да ги идентификуваат можните заеднички предизвици и добрите практики од нивните земји.

Главната цел на проектот е да се зголеми учеството на граѓанските организации (ГО) во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда на Западен Балкан. Проектот ќе трае три години и ќе ги инвестира своите капацитети во градењето на капацитетите на ГО и медиумите за справување со предизвиците поврзани со дигиталната агенда и ќе ги оспособи тие да станат активни учесници во процесот, а истовремено да ја зајакнат и својата улога во помагањето државните институции подобро да го искористат потенцијалот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со цел да го подобрат квалитетот на своите е-услуги за граѓаните и да ја зголемат нивната отвореност. Со обуки и активности за подигнување на свеста преку мрежа на граѓански организации што промовираат дигитална писменост, вештини и вклучување на регионално, национално и локално ниво, проектот понатаму ќе работи на јакнење на довербата и безбедноста на Интернет, зголемување на видливоста на прашањата поврзани со дигиталната агенда во рамките на граѓанското општество и медиумите, како и зголемување на побарувачката на граѓаните за квалитетни е-услуги.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм  (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.