Денес, 12 офицери за заштита на лични податоци во државни институции започнаа да следат дводневна обука во која подобро ќе се запознаат со нивните обврски кои ги уредува Законот за заштита на лични податоци, правата на субјектите и механизмите за нивна заштита; обврските на контролорите; начела на заштита на лични податоци и т.н.
Откако ќе ја завршат обуката, офицерите ќе добијат менторска поддршка во усогласување на интерните акти и процедури на институциите со Законот за заштита на лични податоци.
Обуката и менторството се спроведуваат со поддршка на Европската Унија, во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“
Сподели: