Денес, на 18-ти октомври, повеќе од 20 претставници на граѓанските организации започнаа да следат обука за заштита на лични податоци, оганизирана во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“. Учесниците на денешната сесија имаа можност подобро да се запознаат со регулативата за заштита на лични податоци и начелата на кои таа е базирана и ги разјаснија своите дилеми за тоа што е, а што не е личен податок; кој е субјект на лични податоци; кој е контролор, а кој обработувач на лични податоци. Обуката ќе продолжи во следните 2 недели, а во периодот што следува Фондација Метаморфозис ќе организира уште обуки за заштита на лични податоци за претставници на граѓански организации. Следната обука започнува на 31.10.2022, ќе се спроведе онлајн и ги покануваме сите што сакаат да ја следат да го пополнат овој формулар: Линк до формулар за пријавување.

Сподели: