Фондација Метаморфозис со задоволство ве поканува на настанот „Сè што сакавте да знаете за видео надзорот“ што ќе се одржи во вторник, на 12.09.2023 година, во хотел Солун во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Учесниците на настанот ќе имаат можност да се запознаат со правната рамка која го уредува видео надзорот, правата и обврските при воведување видео надзор, можностите и ограничувањата на технологијата за препознавање лица, како и сè друго што ги интересира околу видео надзорот. Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк.

Овој настан се организира во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект. Учеството на настанот не се наплаќа, но бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од настанот да го пополнат формуларот достапен на овој линк: Линк за пријава

За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје, патните трошоци за учество на настанот ќе бидат покриени во висина на повратен автобуски билет од местото на поаѓање до Скопје. За да можеме да ги рефундираме средствата, ќе биде потребно да ни ги доставите оригиналните сметки и билети од патувањето.

Ги очекуваме вашите пријави.

*Известување за приватност: Ве известуваме дека во текот на настанот ќе бидат направени фотографии кои ќе служат за целите на проектно известување и промоција. Овие фотографии ќе бидат споделени со донаторот, а дел од нив ќе бидат објавени на веб-страниците и социјалните мрежи на имплементаторите на проектот.

Сподели: