Фондација Метаморфозис со задоволство ве поканува на презентацијата „Усогласување на електронските услуги со Законот за заштита на лични податоци“ што ќе се одржи во петок, на 23.06.2023 г., во хотел Солун, во Скопје, со почеток во 12 часот.

Учесниците на овој настан ќе имаат можност одблизу да се запознаат со резултатите и препораките од четвртото оценување на усогласеноста на јавните дигитални услуги и алатки со Законот за заштита на лични податоци. Предвиден е и дел за дискусија во кој учесниците ќе можат да ги споделат своите искуства и ставови поврзани со испораката на дигитални услуги и спроведувањето на регулативата за заштита на приватност и лични податоци – од перспектива на даватели на услугите, но и од перспектива на граѓани и крајни корисници на дигиталните услуги. Агендата можете да ја најдете тука.

Овој настан се организира во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект. Учеството на настанот не се наплаќа, но бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од настанот да го пополнат формуларот достапен на овој линк: Линк за пријава.

Ги очекуваме вашите пријави.

*Известување за приватност: Ве известуваме дека во текот на настанот ќе бидат направени фотографии кои ќе служат за целите на проектно известување и промоција. Овие фотографии ќе бидат споделени со донаторот, а дел од нив ќе бидат објавени на веб-страниците и социјалните мрежи на имплементаторите на проектот.

Сподели: