Ги покануваме сите заинтересирани претставници на граѓанските организации и медиумите да бидат дел од нашата следна обука за заштита на лични податоци. Обуката ќе се одржи на 13-ти и 14-ти септември, во Јавна соба во Скопје. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност да научат нешто повеќе околу тоа:

  • Како треба да ја усогласат нивната работа со Законот за заштита на лични податоци;
  • Како да ја подигнат свеста за важноста на заштита на личните податоци кај нивните целни групи и
  • Како да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци.

Оваа обука ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија. Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат. Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк до формулар за пријавување.

Агендата за обуката можете да ја најдете на овој линк: Линк до агенда

Ги очекуваме вашите пријави!

За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје, патните трошоци за учество на настанот ќе бидат покриени во висина на повратен автобуски билет од местото на поаѓање до Скопје. За да можеме да ги рефундираме средствата, ќе биде потребно да ни ги доставите оригиналните сметки и билети од патувањето.

*Известување за приватност: Ве известуваме дека во текот на настанот ќе бидат направени фотографии кои ќе служат за целите на проектно известување и промоција. Овие фотографии ќе бидат споделени со донаторот, а дел од нив ќе бидат објавени на веб-страниците и социјалните мрежи на имплементаторите на проектот.

Сподели: