Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на синдикатите да бидат дел од дводневна обука за заштита на лични податоци што ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“. Оваа обука ќе им помогне на учесниците подобро да ги разберат правата што ги имаат како субјекти на лични податоци, на работното место и надвор од него, но и да ја подигнат свеста за заштита на личните податоци кај нивните соработници и да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци од страна на контролорите на лични податоци.

Обуката ќе се одржи на 22 и 23 ноември, во просториите на Сојузот на синдикати на Македонија, во периодот од 9 до 15 часот.

Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат. Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк до формулар за пријавување. Агендата за обуката ќе биде споделена на е-маил адресите на пријавените учесници.

Ги очекуваме вашите пријави.

Image by Mohamed Hassan from Pixabay

Сподели: