• Како ја користиме вештачката интелигенција во секојдневниот живот?
  • Дали вештачката интелигенција може да ја загрози мојата приватност?
  • Дали системите базирани на вештачка интелигенција ги третираат сите корисници еднакво?

Доколку си поставувате вакви или слични прашања, со задоволство ве покануваме на нашиот вебинар на кој ќе можете да ги добиете одговорите на вашите дилеми поврзани со „Вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз човековите права“. Вебинарот ќе се одржи во четврток, на 27-ми јули 2023 година, со почеток во 11 часот, на платформата Zoom, а презентацијата ќе ја одржи адвокат Ангела Јанкоска.

Учеството на вебинарот е бесплатно и ги замолуваме сите што сакаат да го следат, да го пополнат формуларот на овој линк: Формулар за пријава на вебинар. Линкот за вклучување на Zoom ќе биде испратен на е-mail адресите што ќе ги наведете при регистрацијата. По завршување на вебинарот, на учесниците ќе им бидат испратени сертификати преку e-mail.

Ги очекуваме вашите пријави!

 

Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија.

Сподели: