Со задоволство ги покануваме сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за заштита на приватноста во дигиталниот свет на нашиот вебинар кој ќе се одржи во среда, на 26-ти јули 2023 година, со почеток во 15 часот. Вебинарот ќе се спроведе преку платформата Zoom, а презентацијата ќе ја одржи Игор Кузевски, експерт за заштита на лични податоци.

Учеството на вебинарот е бесплатно и ги замолуваме сите што сакаат да го следат, да го пополнат формуларот на овој линк: Формулар за пријава на вебинар. Линкот за вклучување на Zoom ќе биде испратен на е-mail адресите што ќе ги наведете при регистрацијата. По завршување на вебинарот, на учесниците ќе им бидат испратени сертификати преку e-mail.

Ги очекуваме вашите пријави!

Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија.

Сподели: