Погледнете го интервјуто на извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана К. Јоноски дадено за регионалниот инфопортал Инфо Компас каде што говориме за потребата од дигитализација и модернизација на македонскиот аграр, но и за тоа колку, како и дали воопшто земјоделците се запознаени со е-услугите и начинот на нивно користење.

Само 19% од жителите во руралните средини во 6 планински региони досега користеле е-услуга и тоа најчесто поврзана со електронско аплицирање за субвенции, издавање на е-потврди за статусот на вработувањето, изводи од матична книга на родени и имотни листови.

64% пак од земјоделците преферираат да одат на шалтер или пак да се информираат за потребите и услугите по пат на телефон преку директен контакт со вработените во институциите, но интересен е фактот дека употребата на социјалните мрежи за информирање е во пораст, па така ваквиот вид на информирање се користи дури кај 60% од жителите во руралните средини, а на трето место доаѓаат Тв и радиото како медиуми.

Целото интервју може да го проследите во продолжение:

Извор: вебстраната на Рурална коалиција, инфо порталот ИнфоКомпас

Минатата недела ја завршивме говорејќи за потребите од дигитализација во секторот земјоделство и рурален развој, како и за потребата од што поголема употреба на е-услугите достапни за овој сектор.

За да се зголеми сигурноста во е-документите, а и воопшто довербата во системот на државата потребно е да се говори многу, потребно е да се работи на зајакнување на јавната свест, но и да се вложува во зголемување на дигитална и компјутерска писменост особено во руралните средини.

Во делот на говорење во јавноста, но и кои се гледиштата и ставовите на сите засегнати страни погледнете во следниот прилог кој што е изработен во соработка со Инфо Компас и Сител ТВ . Неделата која што ни претстои ќе биде посветена токму на овие теми. Следете не и придружете ни се заедно да зборуваме за Дигиталната Агенда и како да придонесеме кон нејзиното достигнување во локалната заедница.

Целосниот видео прилог може да го погледнете во продолжение:

Извор: вебстраната на Рурална коалиција, инфо порталот ИнфоКомпас

Рурална Коалиција е една од трите организации од Северна Македонија која што стана дел од мрежата ICEDA – Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda и која што во наредниот период ќе работи на формирање и управување со граѓански центар за поддршка на е-владеење преку кој што ќе им помогне на земјоделците и руралното население воошто во користењето на е-услугите, но и зголемувањето на дигиталната писменост на локално ниво. Вакви активности освен во Северна Македонија во рамките на мрежата ИЦЕДА ќе се спроведуваат и во Албанија,Косово,Црна Гора и Србија, а во рамките на проектот “Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА” која што го спроведува Metamorphosis Foundation ( Северна Македонија ), Академија за е-владеење ( Естонија), Levizja Mjfat!(Албанија), ЦРТА -Центар за истражување,транспарентност и отчетност ( Србија), НВО 35мм ( Црна Гора) и ODK – Отворени податоци Косово (Косово).Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Забелешка: Текстот е целосно превземен од веб-страницата на Рурална коалиција кои ја носат целосната одговорност за неговата содржина. За оргиналниот текст, кликнете тука и тука.

Сподели: